Македонија
Рекорден број: 241 нови случаи на Ковид 19 во земјава, починале осум лица
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1700 тестирања, а регистрирани се 241 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-73, Куманово-10, Дебар-1, Штип-60, Прилеп-5, Тетово-32, Струга-3, Велес-1, Битола-3, Охрид-2, Гостивар-14, Гевгелија-6, Струмица-4, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Виница-1, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица од: Скопје-40, Битола-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Кичево-1, Ресен-7.
Починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст 59, 61 и 62 години.
Во ГОБ „8 септември“ починаа четворица пациенти – двајца на возраст од 67 години и двајца 76 годишни пациенти. Во КБ Тетово е починат пациент на возраст од 66
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9026, бројката на оздравени пациенти е 4727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3885. Денес се евидентира еден контролен тест од вчерашните, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4214, активни 1868
• Куманово 904, активни 236
• Дебар 173, активни 111
• Штип 569, активни 272
• Прилеп 311, активни 62
• Тетово 938, активни 325
• Струга 351, активни 170
• Велес 206, активни 31
• Битола 88, активни 43
• Охрид 231, активни 116
• Кавадарци 28, активни 17
• Гостивар 286, активни 190
• Гевгелија 19, активни 9 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица 28, активни 19
• Крива Паланка 22, активни 11
• Радовиш 18, активни 14
• Крушево 13, активни 8
• Кочани 88, активни 20
• Пробиштип 42, активни 26
• Демир Хисар 14, активни 12
• Македонски Брод 9, активни 5
• Пехчево 6, активни 1
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 2
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 10, активни 6
• Свети Николе 184, активни 169
• Кичево 96, активни 80
• Ресен 140, активни 59
• Неготино 22, активни 2 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1700 теста се преку: ИЈЗ-475, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-216, Биотек-174, МАНУ -166, Жан Митрев (Филип Втори) –351, Систина со PCR метода -231, Судска медицина -10, ЦЈЗ Битола-54. Досега во земјата се направени вкупно 84916 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 17 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 35, а во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 131 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

