Свет
Велика Британија повеќе нема да објавува податоци за бројката на починати од коронавирус
Властите во Велика Британија објавија дека привремено го стопираат секојдневното објавување на најновите податоци за бројот на починати во пандемијата на коронавирус. Одлуката е донесена поради сомнеж дека таа статистика е претерана. Британската влада побарала ревизија на методологијата на пресметка на бројот на починати, откако стручњаците предупредиле дека поради начинот на кој досега се водела евиденцијата на починати во Англија, сликата на тој статистички параметар може да биде искривена во споредба со другите делови на Велика Британија.
Владата ја објасни привремената суспензија за необјавување на податоци за бројот на загинати со соопштение во кое се посочува дека според сегашната методологија, се сметаат како починати од Ковид-19 сите лица кои умреле по добивањето на позитивен тескт за коронавирус, а притоа не се зема предвид временскиот период кој поминал од тестирањето до времето на смртта.
Во соопштението се наведува дека секојдневното објавување на податоци за смртниот биланс од пандемијата ќе продолжи кога ќе се реши овој проблем.
Ревизија на начинот на водење на евиденцијата нареди во петокот британскиот министер за здравство Мет Хенкок, по тврдењата на група експерти дека според сегашната методологија, дури и позитивните на ковид кои успешно се лекуваат „и по три месеци умираат од срцев удар или прегазени со автобус“ се неразумно класифицирани како починати од Ковид-19.
Според сегашните официјални податоци, Ковид-19 одзел повеќе од 45.000 животи во Велика Британија, што е повеќе отколку во која било друга земја во Европа, потсетува Ројтерс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.