Свет
Трамп: Едноставно, не сакам да губам
Американскиот претседател, Доналд Трамп, во неделата ги отфрли резултатите од анкетата според која предност во претседателската трка има неговиот ривал Џо Бајден.
Тој исто така изјави дека не знае дали ќе ги прифати резултатите од изборите во ноември.
„Прво и најважно, јас не губам бидејќи ова се анкети без никаква врска“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“.
Според студијата што оваа телевизија ја објави во неделата, Бајден има поддршка од 49 проценти од гласачите, а Трамп е поддржан од 41 процент од гласачкото тело.
„Јас не сум добар губитник. Не сакам да губам. Не губам премногу често. Едноставно, не сакам да губам“, рече Трамп.
На прашањето дали ќе ги прифати резултатите од изборите ако победи Бајден, Трамп одговори: „Треба да видам под какви околности, нема да кажам само – да“.
Тој исто така ги оспори менталните способности на својот ривал тврдејќи дека Бајден е неспособен да состави две реченици.
На прашањето дали смета дека Бајден е сенилен, тој одговори дека не сака да го коментира тоа, но дека смета оти демократскиот кандидат не е компетентен да биде претседател.
„За да си претседател, мора да си остар, директен, силен и многу други работи, а тој дури не ни излегува од својот подрум! Така не се води кампања“, рече Трамп додавајќи дека не се сомнева во победа на изборите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силна бура во Франција
Француските департмани Горна Корзика, Источни Пиринеи и Од се преместени на портокалово ниво на метеоролошка тревога поради силната бура што се очекува до сабота, 27 декември, објави денес „Метео Франс“.
Горна Корзика и Источните Пиринеи се ставени под предупредување поради обилни врнежи од дожд и ризик од поплави, додека во департманот Од, како и во Источните Пиринеи, се очекува зголемување на нивото на водата во реките, јавува телевизијата BFM.
„Метео Франс“ наведува дека предупредувањето за поплава е издадено како превентивна мерка, со проценка дека поради обилни дождови, водотеците би можеле да се излеат, особено на југот на Франција, во областа Русијон.
Кога станува збор за количината на врнежи, до сабота напладне се очекува помеѓу 150 и 200 литри дожд на квадратен метар, што одговара на количината на врнежи за два до три месеци, објаснува телевизијата BFM.
На Горна Корзика прогнозата е помеѓу 80 и 120, локално до 150 литри на квадратен метар, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос
Свет
Израелскиот министер: Никогаш целосно нема да ги повлечеме трупите од Појасот Газа
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, изјави дека Израел никогаш целосно нема да ги повлече своите трупи од Појасот Газа. Според него, во Газа ќе остане значајна безбедносна зона, дури и доколку се премине во следна фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп и доколку Хамас биде разоружан.
Кац најави дека безбедносната зона би се протегала внатре во Газа, а на северот на Појасот би можеле да се формираат и израелски доселенички јадра за нејзина заштита. Тој, како член на десничарската партија Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху, со ова повторно се спротивстави на делови од американскиот мировен план што предвидуваат целосно повлекување на израелските сили од Газа.
По претходните критики дека ги ублажил ставовите, Кац денеска порача дека не се повлекува од изјавите, додавајќи: „Возам наназад само во автомобил.“
Свет
Зеленски: Се појавија нови идеи за крај на војната по разговорите со луѓето на Трамп
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека разговарал со луѓе од тимот на американскиот претседател Доналд Трамп – специјалниот изасланик Стив Виткоф и Џаред Кушнер – за можни начини за завршување на војната со Русија. Според Зеленски, се појавиле „нови идеи“ поврзани со форматот на преговорите, средбите и временската рамка.
Трамп се залага за мировен договор, а неговите преговарачи работат на план што постепено напредува. Зеленски претходно претстави нацрт-мировен план од 20 точки, кој е скратена верзија на постар предлог од 28 точки. Клучните територијални прашања сè уште не се решени и, според Зеленски, за најчувствителните теми ќе биде потребна директна средба со Трамп.
Од руската страна, Кремљ соопшти дека ги анализира документите поврзани со можниот крај на војната, додека Москва изрази незадоволство од украинскиот план, особено околу Донбас, НАТО и големината на украинската армија. Зеленски најави и нови разговори меѓу украинските и американските преговарачи, нагласувајќи дека работат постојано за да се приближи крајот на војната.

