Црна хроника
Фатени крадци што оперирале низ Кисела Вода и Центар
Полицијата приведе три лица, осомничени за извршување на 15 кражби на подрачјето на Кисела Вода и Центар.
Станува збор за лицата Г.С. (21) како и двајца малолетници од 14 и 13 годишна возраст кои се штитеници на ЈУЗКП „25 Мај“ – Скопје.
Кривичните дела пријавените ги извршувале во периодот од ноември минатата до мај оваа година на подрачје на град Скопје поточно во населбите Кисела Вода и Центар.
Имено, тие извршиле 15 кривични дела од кои; три тешки кражби во станови, два обиди за тешки кражби во станови, една кражба во стан, две тешки кражби во возила, две тешки кражби на моторцикли, четири тешки кражби во останати објекти (книжари и гаража), една кражба во куќа.
Тешките кражби во станови ги извршувале на тој начин што со насилно отварање на прозорецот од купатилото и прекачување преку истиот влегувале внатре во станот вршеле претурање и пребарување при што краделе мобилни телефони, лап топ, пари, женски ташни, паричници и др.
Кражбите во стан и куќа ги извршувале при згодна прилика односно во нив влегувале преку незаклучената врата. Тешките кражби во автомобили ги извршувале така што со штрафцигер ги обивале бравите од вратите на возилата и краделе акумулатори, алат, касетофони и друго, а пак, тешките кражби во книжарите ги вршеле на тој начин што со погоден предмет (камен и сл.) ги кршеле излогните стакла влегувале внатре и краделе ранци, пари и др.
Со двете деца од 14 и 13 годишна возраст обавен е службен разговор во ЈУЗКП „25 Мај“ – Скопје во присуство на инспектор за малолетничка деликвенција и социјален работник од домот.
По првопријавениот Г.С.распишан е локален распис, истиот е пронајден приведен и обавен службен разговор во ПС “Кисела Вода“.
Инаку, украдените предмети ги продавале на пазарот за стари работи лоциран на ул. “Лазар Личеновски“ на разни купувачи, потоа на Бит Пазар како и на лицето С.Б. (29) од ул. “Вашингтонска“, во чиј што дом со наредба од Истражен судија од ОСС 1 извршен е претрес и таму се пронајдени разни предмети кои потекнуваат од кривични дела : акумулатори, лап топ, касетофони, велосипеди и др.
Заработените пари ги користеле за купување на дрога како и други свои потреби. Отсекот за тешки кражби при СВР Скопје работи на расчистување и на други кривични дела тешки кражби, кражби во станови , куќи и ПМВ со истите сторители, а по целосно расчистување и документирање на кривичните дела од страна на СВР-Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Лицето Г.С. во крим-евиденциите минува за сторени повеќе кривични дела: “тешка кражба“, “тешка кражба во обид“, “дрска кражба“, “кражба“, “разбојништво“ и “одземање на ПМВ“. Исто така за кривични дела од областа на имотните деликти во крим евиденцијата минуваат и двајцата малолетници. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен возач од Струга, управувал возило под дејство на алкохол
На 13.01.2026 во 01:16 часот на место викано „Кореа“, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.Р.(45) од Струга.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,82 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Кривична пријава против поранешен заменик градоначалник и вработен во Општина Старо Нагоричане
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ц.(55) од Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане, поранешен заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, и Д.А.(38) од Старо Нагоричане, вработен како соработник за промена на прописи, постапки и обука за човечки ресурси во општина Старо Нагоричане, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противзаконско располагање со буџетски средства за време на избори“ и „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Првопријавениот, извршувајќи работни задачи како заменик градоначалник на Општина Старо Нагоричане, во текот на 2023 година му наредил на второпријавениот да изготви решенија за исплата на јубилејна награда за непрекината работа во општината, по што тој изготвил решенија за десет лица, на кои средствата им биле исплатени во 2024 година и на тој начин го оштетиле буџетот на општината за сума од 204.283 денари.
Црна хроника
Расчистена кражба во Велес, уапсени две лица, дел од украденото е пронајдено и вратено на сопственикот
Синоќа, во периодот од 23:20 до 00:10 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода А.Д.(22) и А.С.(48), двајцата од Велес.
А.Д. се сомничи дека со употреба на сила и подесен алат влегол во домот на 54-годишната С.Х. од Велес и одзел пари и златен накит, а потоа златните предмети ги заложил кај А.С.. Дел од предметите се пронајдени и одземени од А.С. и вратени на сопственикот, а тој е задржан во полициска станица.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање, против А.Д. и А.С. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

