Македонија
Средба на Димитров со шефот на ОБСЕ/ОДИХР: Успешно спроведените избори даваат можност за формирање влада летово
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари завршна средба со Лаима Андрикиене, шеф на Специјалната изборна оценска мисија на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на предвремените парламентари избори на 15 јули, со цел размена на мислења за изборниот процес и изборниот ден, а согласно првичните наоди на Мисијата.
Министерот Димитров изрази благодарност до ОДИХР за успешно спроведената набљудувачка мисија за предвремените парламентарни избори, реализирана во услови на пандемија, како дополнителна вредност на севкупниот изборен процес.
„Успешно спроведените избори даваат можност за формирање на политичка влада во текот на летото, која ќе се посвети на продолжување на клучните реформски процеси во државата, вклучително и надминување на слабостите на изборниот процес и неговата законска регулатива, согласно препораките на ОДИХР. И покрај отежнатите околности од пандемијата, граѓаните имаа можност врз основа на компетитивна кампања на политичките партии и слободните медиуми да донесат информирани одлуки и да ја изразат својата волја на демократски начин“, рече Димитров.
Тој потенцира дека изборите беа организирани во согласност со европските стандарди и препораките од здравствените власти за заштита на здравјето на граѓаните како основен прерогатив на Владата.
Шефот на набљудувачката Мисија, Андрикиене, истакна дека изборите беа спроведени на ефикасен начин земајќи ги предвид меѓународните стандарди и здравствените протоколи. Таа ги пренесе главните точки на прелиминарните наоди на Мисијата, како и очекувањата да продолжат реформите за подобрување на изборното законодавство и зајакнување на капацитетите на изборните органи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради отстранување дефект на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Нобелова крстосница со ул. Хелсинки, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Нобелова, Виенска, дел од ул. Хелсинки и дел од ул. Лондонска. (Општина Карпош)
· поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник од ф-100 мм на ул. Жил Верн бр. 10, од 10:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Жил Верн и ул. Есенинова. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Делови од неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од с. Ќојлија. (Општина Петровец)
· од 08:30 до 09:30 часот, корисниците од селата: Драчевица и Цветово. (Општина Студеничани)
· од 08:55 до 09:55 часот, корисниците од селата: Горно Соње, Долно Соње , Чифлик и Света Петка. (Општина Сопиште)
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Веле Марков. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од улиците: Димо Хаџидимов и Христо Татарчев. (Општина Кисела Вода)
Македонија
Претпладне сончево со умерена облачност, попладне зголемување на облачноста
Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, претпладне сончево, попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на студена воздушна маса во среда ќе дува засилен до силен северен ветер што ќе услови и дневната температура на повеќе места да остане под нула. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, а во петок ветерот ќе го смени правецот во јужен и ќе има услови за слаб дожд и снег на планините. За време на викендот ќе биде претежно сончево со пораст на температурата.

