Македонија
163 новозаразени од Ковид-19, починати нема
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 52, Куманово – 21, Дебар – 2, Штип – 33, Тетово – 4, Струга – 7, Велес – 2, Битола – 5, Охрид – 1, Кавадарци – 4, Гостивар – 17, Струмица – 2, Кочани – 2, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 3, Македонски Брод – 1, Свети Николе – 3, Кичево – 1 и еден во Ресен.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравен пациент од: Скопје – 41, Дебар – 1, Штип – 10, Прилеп – 4, Тетово – 1, Велес – 3, Кавадарци – 2, Гостивар – 6 и еден во Пробиштип.
Во последните 24 часа нема починати пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.412, бројката на оздравени пациенти е 4.940, на починати е 432, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.040. Во моментот статистиката на активни случаи по градови е следна:
• Скопје 4.350, активни 1.892
• Куманово 933, активни 247
• Дебар 175, активни 112
• Штип 640, активни 324
• Прилеп 311, активни 54
• Тетово 955, активни 302
• Струга 377, активни 195
• Велес 208, активни 29
• Битола 94, активни 49
• Охрид 245, активни 130
• Кавадарци 33, активни 19
• Гостивар 315, активни 207
• Гевгелија 19, активни 8 (*6 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 2 на Богданци)
• Струмица 33, активни 24
• Крива Паланка 22, активни 8
• Радовиш 23, активни 19
• Крушево 14, активни 9
• Кочани 91, активни 23
• Пробиштип 45, активни 28
• Демир Хисар 18, активни 16
• Македонски Брод 10, активни 6
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 4, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 5, активни 2
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 12, активни 7
• Свети Николе 203, активни 188
• Кичево 101, активни 82
• Ресен 141, активни 57
• Неготино 22, активни 2 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега во земјата се направени вкупно 88.179 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 лица. На кислородна поддршка се 34 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 7 позитивни деца, како и едно дете и една мајка суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани се 92 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.
Во болницата во Битола хоспитализирани се 37, а во болницата во Штип – 51 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 132 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката на активни случаи по скопските општини во согласност со новите податоци е следна:
• Чаир – 285
• Аеродром – 193
• Бутел – 136
• Гази Баба – 208
• Центар – 162
• Карпош – 176
• Сарај – 116
• Кисела Вода – 150
• Ѓорче Петров – 120
• Студеничани – 109
• Шуто Оризари – 105
• Арачиново – 34
• Илинден – 24
• Петровец – 21
• Чучер Сандево – 12
• Сопиште – 20
• Зелениково – 12
• Странец – 7
• Нераспределен – 2
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Македонија
Агресивен карцином кај 10-годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.

