Црна хроника
Испратено барањето за екстрадиција на Шиповиќ
Барањето за екстрадиција на првоосомничениот за случајот „Машинопромет“ Мирослав Шиповиќ потпишано е и испратено до Австрија, со што започна постапката за негова враќање во Македонија.
Неколку медиуми во четвртокот попладне јавија дека министерот за правда, Блерим Беџети, го потпишал барањето за екстрадиција на претседателот на советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ, кој беше приведен на аеродромот во Виена, по меѓународна потерница распишана од основниот суд Скопје 1. Според процедурата, Врховниот суд во Австрија треба да речи дали ќе дозволи екстрадиција за Шиповиќ, по што одлуката треба да ја потпише австрискиот министер за правда.Шиповиќ, по приведувањето во Виена, изјави дека бил на пат за Македонија од САД.Во случајот „Машинопромет“ осомничени се уште 11 други лица, кои беа приведени. Истражен судија за Мирослав Шиповиќ, кој е првоосимничен, определено мерка притвор со времетраење од 30 дена, од денот на неговото апсење. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пијан, 65-годишник од Свети Николе им се заканувал на синовите и го нападнал едниот
65-годишен жител на Свети Николе бил приведен откако во семејниот дом им се заканувал на своите двајца синови со остар предмет, а едниот од нив и физички го нападнал.
Инцидентот се случил на 7 февруари околу 21:30 часот, а полицијата интервенирала истата вечер во 22:45 часот. По приведувањето било утврдено дека мажот бил под дејство на алкохол – измерени му биле 2,16 промили во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Приведен маж во струшката болница, aгресивно се однесувал со медицинските лица
Утрово околу 01:40 часот, во Општата болница во Струга бил приведен 59-годишниот М.А. од селото Делогожда, поради агресивно и непримерно однесување кон медицинскиот персонал.
Како што информира МВР, лицето со гласно викање и агресија го нарушило јавниот ред и мир и ја загрозило сигурноста на здравствените работници.
По интервенција на полицијата, тој бил приведен, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен велешанец кој со 3,06 промили алкохол се јавил во полициска станица и навредувал полицајци, потоа бил агресивен, велат од МВР
Велешката полиција синоќа го приведе 52-годишниот М.У. од Велес, откако најпрво се јавил во полициска станица и ги омаловажувал службените лица, а потоа и на улицата „Јовче Тикваров“ агресивно се однесувал кон полицајци кои биле на терен и вршеле службени дејствија.
Според СВР Велес, настанот се случил синоќа околу 20:30 часот. При приведувањето, кај М.У. биле измерени 3,06 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и против него ќе следуваат соодветни пријави по целосно документирање на случајот, најави полицијата.

