Спорт
Меџик на „Твитер“: Леброн е МВП сезонава!

Легендата на НБА лигата, Меџик Џонсон, го посочи својот фаворит за најкорисен кошаркар на сезоната, која сè уште е во прекин поради пандемијата предизвикана од коронавирусот. Тој смета дека првата ѕвезда на Лејкерси треба да го понесе признанието.
„Леброн Џејмс, дефинитивно, е МВП на оваа сезона. Речиси и да има просек од трипл-дабл со 25 поени, 10 асистенции и 8 скока од натпревар. Неговата одбрана е фантастична и нема подобар лидер од него во спортот“, напиша Џинсон на социјалната мрежа „Твитер“.
LeBron James is definitely the MVP this season. He is almost averaging a triple double with 25 points, 10 assists, and basically 8 rebounds per game. His defense has been amazing and there is no better leader in sports!
— Earvin Magic Johnson (@MagicJohnson) July 21, 2020
Тој смета и дека најдобар дебитант сезонава е Џа Морант од Мемфис.
Според него, најдобар дефанивец е Ентони (Веѓата) Дејвис од ЛА Лејкерс.
Меџик смета дека најдобар тренер сезонава е Тејлор Џенкинс, предводникот на Мемфис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Проблем за Партизан – Џонс ќе паузира три месеци

Партизан синоќа во АБА лигата го победи ФМП, по едно продолжение, со 109:103. Во фнишот на натпреварот се повреди плејмејкерот Карлик Џонс.
Плејмејкерот на Партизан, ќе паузира три месеци, пишува „Моцартспорт“.
Џонс веднаш по натпреварот бил однесен на медицински тестови. Снимката покажала дека има скршеница на петтата метатарзална коска и дека американскиот кошаркар го чека подолга пауза.
Ова значи дека Џонс заврши со играње кошарка за оваа година. Проблемот е уште поголем бидејќи од претходно е повреден и Шејк Милтон, за кого не е познато кога ќе се врати во тимот.
Фото/ Принтскрин / SOPA Images
Спорт
Доаѓаат од село со 1485 жители, тренер им е директор на училиште и се нови шампиони на

Мјалби стана шампион на Шведска. Во 27-то коло од Алсвенскан, го победија Гетеборг со 2:0 и три кола пред крајот стигнаа до недостижни 11 бода предност пред второпласираниот Хамарби. Победничките голови ги постигнаа Јакоб Бергстром во 21-та и Том Петерсон во 28-та минута од натпреварот.
Ова е нивна прва шампионска титула во историјата на клубот, а тие го соборија рекордот и станаа најмалото место кое некогаш добило шампион меѓу земјите членки на УЕФА.
Следната сезона, тие ќе играат во квалификациите за Лигата на шампионите, а исто така ќе играат и во европските натпреварувања за прв пат во историјата.
Клубот Мјалби АИФ е од Хелевик, град на југот на Шведска со население од 1485 жители според последниот попис од 2023 година. Хелевик се наоѓа во Селвесборг, општина со вкупно население од околу 17.000 жители.
„Кога нашите противници доаѓаат да нè посетат, тие се возат со автобус и возат низ фарми, покрај рибарски пристаништа. Потоа возат малку повеќе и кога повеќе не можат да одат напред, доаѓаат на нашиот стадион“, изјави за „Гардијан“ Хасе Ларсон, спортски директор на клубот.
Станува збор за клуб кој низ својата историја се движел од првата до четвртата шведска лига, а не толку одамна, од 2015 до 2018 година, бил во третата лига. Потоа изборил пласман во повисок ранг во две последователни сезони и сега игра во највисокото ниво на шведскиот фудбал шеста година по ред. Во тој период, се рангирал од петтото до десеттото место.
Според „Трансфермаркт“, Мјалби е деветтиот највреден тим во шведското првенство. Вкупната вредност на играчите е 15,7 милиони евра.
Највредниот шведски клуб е Малме со 40 милиони евра, а над 30 милиони е вредноста на играчите на Хамарби, додека Ѓургарден вреди 25 милиони евра.
Покрај тоа што нема познати имиња или играчи со голема вредност во тимот, Мјалби нема ниту тренер со значајна кариера. Тие се предводени од 59-годишниот Андерс Торстенсон, човек зад кого стои единствена приказна.
Торстенсон бил младински играч во Мјелби во 1980-тите, но го напуштил клубот пред да игра за сениорскиот тим и се приклучил во војската една деценија.
По враќањето од војска, Торстенсон се вработил како директор на училиште, а во исто време работел како тренер во аматерски клубови. Како што вели, никогаш не помислил дека може да има сериозна тренерска кариера.
Во Мјалби дошол како помошник тренер во 2007 година и три години подоцна влегол во првата лига со клубот. Станал главен тренер во 2013 година и решил да го напушти училиштето за да се посвети на својата работа во фудбалот, но бил еден од ретките во клубот кои го имале тој луксуз.
Таквата посветеност била клучна за создавање тим кој без истакнат поединец (вистинска ѕвезда) стана шампион на Шведска.
Најдобриот стрелец на клубот со само шест гола е 20-годишниот Абдули Манех, кој минатата година дошол од Гамбија како сосема непознат играч. Највреден играч во клубот е Елиот Страуд (2,5 милиони евра), кој пристигна пред две години од третата шведска лига, додека еден од клучните дефанзивци е Абдула Икбал, Пакистанец донесен од втората данска лига.
Капитен е Јеспер Густавсон, 30-годишен локален жител кој целата своја кариера ја поминал во Мјалби уште од дете и не го напуштил дури ни во најтешките моменти.
Арвид Францен е одговорен за пронаоѓање нови играчи, кој ја извршува својата скаутска работа од далечниот град Ескилстуна, на шест часа возење, каде што работи секојдневно како поштар и ќе се приклучи на клубот како постојан вработен подоцна оваа година.
Спорт
Италија без Синер ќе ја брани титулата во Дејвис купот

Четирикратниот шампион на Гренд слем турнирите, Јаник Синер, нема да биде дел од италијанската репрезентација на финалето турнир на Дејвис купот во Болоња.
Со денови се шпекулираше дека вториот тенисер во светот ќе го прескокне споменатото натпреварување, а во понеделник беше потврдено дека нема да биде во националниот тим.
„Синер не го потврди учеството во Дејвис купот. Дејвис купот беше и секогаш ќе биде негов дом и сигурен сум дека наскоро ќе се врати во тимот. Во меѓувреме, имам тим подготвен да се бори и да даде сè за синиот дрес. Болоња ќе биде уште една возбудлива авантура. Ги познавам овие момци и сигурен сум дека иднината ќе ни донесе големо задоволство“, рече Филипо Воландри, тренер на италијанската репрезентација.
Италија го брани трофејот освоен минатата година, а Воландри ги повика Лоренцо Мусети (осми на АТП листата), Флавио Коболи (22), Матео Беретини (59), Симоне Болели (14-ти во двојки) и Андреа Вавасори (15-ти во двојки).
Фајнал Ејт турнирот в Дејвис купот ќе се одржи од 18 до 23 ноември, а Италија ќе се сретне со Австрија во четвртфиналето. Преостанатите двојки се: Франција – Белгија, Шпанија – Чешка и Аргентина – Германија.
Пред неколку дена, Синер го победи Карлос Алкараз во финалето на егзибицискиот турнир во Ријад и се врати од Саудиска Арабија со неверојатни шест милиони долари.
Foto/ EPA