Контакт

Спорт

Милан ја продолжи соработката со Пиоли до 2022 година

Објавено пред

По синоќешната победа на Милан кај Сасуоло, седма во деветте меча по рестартот на сезоната (и две нерешени), клубот од „Сан Сиро“ реши да му го продолжи договорот на тренерот Стефано Пиоли на уште 2 години, до летото 2022 година.

dobivaj vesti na viber

„Милан објавува дека со Стефано Пиоли се договори на двегодишно продолжување на договорот, кој сега ќе истече во јуни 2022 година“ објавија „росонерите“.

Извршниот директор на клубот од Милано, Иван Газидис, објасни дека Пиоли покажа дека може да ги исполни неговите визии за клубот.

„Оваа одлука не се темели на неодамнешните успеси, туку на духот во екипата и единството што Пиоли го изгради, на начинот на кој ја прифати нашата визија и како се преставуваше себе си, но и клупските вредности“, рече Газидис.

По победата во Реџо Емилија, и Пиоли имаше свој коментар.

„Среќен сум и горд на довербата. Сакам да им се заблагодарам на сите, вклучувајќи ги и навивачите што ни недостигаат на стадионот. Нашата иднина е веќе денеска, мораме да сме фокусирани, одлучни, обединети. На почетокот сме на неверојатен пат“, рече Пиоли.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Милан експресно го договори трансферот на Нкунку

Објавено пред

Челзи и Милан експресно го договрија трансферот на напаѓачот Кристофер Нкунку.

dobivaj vesti na viber

Клубовите го договорија трансферот за помалку од 24 часа. Двете страни се согласија за обештетување од околу 35 милиони евра.

Што се однесува до Нкунку, тој ќе потпише петгодишен договор со „росонерите“. Потенцијалниот француски репрезентативец е седмото засилување на Милан, но преодниот рок сè уште не е завршен. Тие би сакале да доведат уште еден напаѓа и стопер на „Сан Сиро“. Главни кандидати во моментов се Душан Влаховиќ и Артим Довбик, односно Мануел Аканџи.

Нкунку дојде во Челзи како големо засилување во 2023 година од РБ Лајпциг за 60 милиони евра. За две сезони, тој одигра 62 натпревари и постигна 18 голови.

Прикажи повеќе...

Спорт

УЕФА го смени терминот на финалниот меч во ЛШ

Објавено пред

УЕФА воведе новитет помалку невообичаен. Од оваа сезона финалето на Лигата на шампионите ќе се одржува во 18:00 часот.

dobivaj vesti na viber

Досега, финалниот меч за највредниот трофеј во клупскиот фудбал се одржуваше во 21:00 часот, но тоа повеќе нема да биде случај.

Како што вели првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин, оваа новина е донесена првенствено поради навивачите.

„Со оваа промена, го ставаме навивачкото искуство во центарот на нашите планови. Финалето на Лигата на шампионите е клучен момент од фудбалската сезона и новото време на почеток ќе го направи уште подостапно, инклузивно и важно за сите вклучени. Додека терминот од 21:00 часот е посоодветен за натпревари што се играат во средината на неделата, пораното започнување на финалето во сабота значи порано завршување на натпреварот, без оглед на евентуалните продолженија, пенали. А ова им дава поголема можност на навивачите да уживаат со остатокот од вечерта со своето семејство, пријатели, гледајќи го најважниот натпревар во сезоната“, објасни Чеферин.

Првото финале, кое ќе се игра од 18:00 часот, ќе биде на стадионот „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, каде што ќе се игра следниот натпревар за титулата европски шампион.

Прикажи повеќе...

Спорт

Манчестер сити стави вето на трансферот на Савињо и ја реши судбината на Родриго

Објавено пред

Манчестер сити го извести Тотенхем дека нема да го промени својот став во врска со трансферот на крилниот напаѓач Савињо.

dobivaj vesti na viber

Сити нема намера да го пушти Бразилецот во Лондон, дури ни за сума поголема од 70.000.000 евра, бидејќи го смета за клучен играч за оваа сезона и во иднина.

Тотенхем за кратко време претрпе уште еден тежок удар на „летниот пазар“, откако минатата недела нивниот најголем ривал Арсенал буквално го грабна Еберечи Езе од Кристал Палас.

Победникот на Лигата на Европа потоа се сврте кон Савињо, но клупските челници добија негативен одговор. Тотенхем сега има многу малку опсции да донесе засилување до крајот на преодниот рок, кој во Премиер лигата завршува на 1 септември во 18 часот.

Овој потег на „граѓаните“ исто така ја блокира секоја можност Родриго од Реал Мадрид да се пресели во Манчестер сити.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Османи: Албанците никогаш нема да прифатат некој друг да одлучува во нивно име

Кандидатот за градоначалник на Чаир од редовите на ДУИ, Бујар Османи, реагираше на последните изјави на премиерот Мицкоски, кој најави...

Македонија1 час

Арсовска: „Такво време дојде, ем да тепаат жени, ем да глумат жртви дека се тепани“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска со објава на социјалните мрежи пред утрешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје, на...

Македонија1 час

За 20 проценти се зголемени платите на социјалните работници, вели Мицкоски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање посочи дека колективниот договор потпишан од Министерството за социјална политика,...

Македонија3 часа

ДУИ: Од Балансер до Бадeнтер, план за рушење на уставниот поредок

Северна Македонија никогаш немала влада- по настроена против Охридскиот договор, против европската иднина и европската интеграција и повеќе од рамнодушна...

Свет4 часа

Сијарто: Европските политичари се најжестоките противници на мирот во Украина

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека европските политичари во моментов се „најжестоките противници на мирот во Украина“,...

Топ5 часа

Го удирале со боксови по целото тело и глава: преку психијатриско вештачење ќе се утврди дали тројцата осомничени свесно го извршиле убиството во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како...

Македонија5 часа

На ГП Меџитлија откриени над 300 шишиња со хемиски препарати за прскање: спречен обид за криумчарење

Царинските службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија. Во раните...

Свет5 часа

(Видео) Напаѓачот од САД се претставувал како жена: оставил морничави пораки

Напаѓачот во училиштето во Минеаполис, кој уби две деца и рани најмалку 17 други, е идентификуван додека полицијата истражува манифест...

Македонија18 часа

СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за...

Македонија20 часа

Родителите од Демир Хисар револтирани: Законот ги принудува учениците на сместување во домови за да добијат превоз

Родители од Демир Хисар изразија незадоволство од измените на законот за средно образование и изразија загриженост за превозот на децата...

Македонија23 часа

(Видео) „Филипче со лаги за економијата во стилот на Заев – не знае чија е јахтата, ама знае дека ќе коалира со ДУИ“, вели Стојаноски

„Денешната прес-конференција на Венко Филипче е најдобар доказ дека СДС е изгубена во сопствените лаги и дека се обидува со...

Македонија23 часа

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година, и тоа по сите предмети, велат од МОН

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во...

Топ24 часа

МВР со детали за пожарот кај „Зебра“: четири возила зафатени од огнот

Денеска, во 2.05 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје, на територијата на Центар, било опожарено патничко моторно...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт основните трошоци се зголемени за 4.300 денари, а минималната платата за 1.800 денари

ВМРО-ДПМНЕ за една година ја доведе државата во најголема економска несигурност што сме ја виделе досега, а граѓаните живеат сé...

Македонија1 ден

„Кандидатурата на Мециновиќ за Скопје е договор на партијата Левица да им помогне на СДС и ДУИ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Јасно е дека кандидатурата на Амар Мециновиќ е дил на Левица за помош на ДУИ и СДС, со математика Орце...

Топ1 ден

Убиство во Кавадарци, тројца уапсени

Денеска во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во...

Македонија1 ден

Муцунски за „Политико“: Државата не е подготвена за уставните измени што ги бара Бугарија без цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното такво барање

Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, даде интервју за политичкиот...

Свет1 ден

Макрон до Нетанјаху: Обвинувањата за антисемитизам се навреда за Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон испрати писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кое остро реагираше на неговите обвинувања дека Париз...

Македонија1 ден

Пожар кај „Зебра“, огнот зафатил возило

Пожар избувнал ноќеска во главниот град во близина на трговскиот центар Зебра. Според последните информации огнот се проширил и зафатил...

Свет1 ден

Премиерот на Канада: Путин се плаши да се сретне со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да разговара за условите за...