Свет
Терористот од Луцк се предал по видеообраќањето на претседателот Зеленски

Човекот што киднапира патнички автобус во украинскиот град Луцк се предал кога го видел видеообраќањето на украинскиот претседател Владимир Зеленски, изјави заменик-началникот на претседателскиит кабинет, Кирил Тимошенко, пренесува ТАСС.
„Претседател реши да комуницира со терористот, имаше телефонски разговор. Претседателот разговараше со него подолго време, 15 минути или можеби помалку, и го убеди да ослободи три лица. Потоа претседателот донесе одлука да го објави видеото, кое сите сте го виделе, за да се обезбеди ослободување на преостанатите заложници. Тоа беше договорот“, рече тој.
Како што го побарал киднаперот, Зеленски претходно во вторникот објави кусо видео на својата страница на „Фејсбук“. Во клипот што трае шест секунди Зеленски вели дека секој мора да го гледа американскиот документарец од 2005 година „Земјани“. Документарецот во режија на активистот за правата на животните, Шон Монсон, ја разгледува човековата експлоатација на животните за храна, облека, забава и за научни истражувања.
Киднаперот ги објави своите барања во објава на „Твитер“. Тој инсистира одредени постари судии, министри, обвинители, законодавци и свештеници – вкупно 24 лица – да снимат и да објават на „Јутјуб“ изјави дека се терористи. Тој исто така побара претседателот Зеленски да сними и да објави на интернет апел за гледање на „Земјани“.
Видеото беше избришано од профилот на Зеленски веднаш кога заложниците беа ослободени.
По апсењето на киднаперот, медиумите во Украина објавија дека тој имал претходно криминално досие. Украинската служба за безбедност почна кривична постапка против него под обвинение за тероризам.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп го потпиша мировниот договор за Газа: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова“

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа, изјавувајќи при потпишувањето:
„Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова, можете ли да поверувате? И овојпат ќе опстане.“
По него, документот го потпишаа египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Ова е неверојатен ден за светот,“ изјави Трамп, додавајќи дека договорот е толку важен што ќе ja спречи Третата светска војна, која, според него, можела да избие на Блискиот Исток.
Свет
„Фајненшл тајмс“: Зеленски можно е оваа недела да го посети Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп може да го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела, објави новинарот на „Фајненшл тајмс“, Кристофер Милер, повикувајќи се на три извори.
Според Милер, средбата би можела да се одржи во петок, на 17 октомври, но други детали засега не се познати.
Двајцата лидери последен пат се сретнаа во септември за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а во последните денови имале два телефонски разговора, меѓу другото и за можната испорака на американски крстосувачки ракети „Томахок“ на Украина.
Паралелно, украинската делегација предводена од премиерката Јулија Свириденко започнува недела на преговори со американските претставници во Вашингтон.
Свет
Скандал во Индија: Талибански министер не ги повикал новинарките на прес-конференција

Талибанскиот министер за надворешни работи на Авганистан, Амир Кан Мутаки, предизвика бурни реакции во Индија откако на својата прва прес-конференција во Делхи не ги повикал жените новинарки.
Настанот, на кој присуствувале околу 16 новинари, но ниту една жена, предизвика остри реакции од индиските медиумски организации и опозициски политичари. Тие го оценија инцидентот како „отворена родова дискриминација“.
Под притисок на јавноста, Мутаки следниот ден одржа нова, „инклузивна“ прес-конференција, каде изјави дека исклучувањето на жените било „техничка грешка“.
„Настанот беше организиран во краток рок и поканите беа испратени на ограничен список новинари, без никаква друга намера“, рече тој.
Мутаки моментално престојува во Индија на разговори со претставници од Русија и индиската влада, со цел јакнење на дипломатските врски.
Иако се обиде да ги оправда ограничувањата на жените во Авганистан, индиските новинари остро го прашаа зошто девојчињата таму веќе четири години немаат пристап до образование.