Црна хроника
Мајка го напуштила своето 11-годишно неподвижно дете во Охрид, го оставила само без храна
Охриѓанка го напуштила своето 11-годишно неподвижно дете. Таа го оставила детето само во куќата во која живееле, без храна и надзор.
Според информациите на СВР Охрид, вчера, во полиција телефонски било дојавено дека С. В. (39) од Охрид, во својот дом на улицата Питу Гули, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен син, кој бил неподвижен.
Центарот за социјални грижи и Црвениот крст од Охрид преземаат мерки за пронаоѓање згрижувачко семејство, а на детето му е дадена соодветна помош. Против С. В. ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена скопјанката која беше пријавена за исчезната
Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир била пронајдена 26-годишната И.Е. од Скопје, извести МВР.
На 26.08.2024 нејзиниот татко В.Е.(69) пријави дека се оддалечила од својот дом на подрачјето на Гази Баба, додаваат од МВР.
Црна хроника
Штипјанец пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка се оддалечила од домот
Денеска во 01.30 часот во СВР Штип, 37-годишниот Е.М. од Штип пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка, 17-годишната Ј.М., извести МВР.
Според пријавеното, најверојатно таа се наоѓа во Велес кај лицето Р.В.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Топ
Млад скопјанец нападнат со нож пред станот во Аеродром, едниот од напаѓачите му се заканил со оружје
Дваесет и петгодишен скопјанец синоќа бил нападнат пред станот во којшто живее на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавеното, момчето било нападнато со остар предмет од Н.С. и уште две лица, а едниот му се заканувал со пиштол.
Пренесен е во приватна болница за укажување помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.