Спорт
Мбапе: Сигурно останувам во ПСЖ
Фудбалерот на ПСЖ, Килијан Мбапе рече дека ќе остане во клубот од „Паркот на принцовите“ најмалку уште една година.
Мбапе е дел од „Светците“ три сезони, но често се шпекулира со негово заминување од клубот, пред се во Реал Мадрид кој е еден од заинтересираните.
Поради пандемијата на коронавирусот, францускиот шампионат беше прекинат, ПСЖ прогласен за шампион, а 21-годошниот напаѓач вели дека се концентрира на освојување трофеј со екипата.
„Овде сум, во овој проект четврта година. Педесетгодишнината на клубот, ова е важна сезона, за навивачите. Тука сум. Ќе се обидеме заедно со екипата да ги вратиме трофеите“ изјави Мбапе.
Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел вели дека е вистински подарок да се работи со Килијан.
„Килијан има договор и се уште не сме подготвени да го продадеме. Тој е супер важен, клучен играч за нашата игра. Вистински подарок е да се работи со него, со играчи како Нејмар, Ди Марија, Икарди, Верати, Маркињос. Тоа се извонредни играчи“ – смета Германецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Луис Енрике би можел да го напушти ПСЖ
Шпанскиот тренер, Луис Енрике размислува да го напушти Пари Сен Жермен на крајот од тековната сезона, и покрај тоа што постигна историски успех со клубот. Според германски „Билд“, Енрике не планира да го продолжи договорот, кој истекува во јуни, бидејќи бара нови предизвици во кариерата.
Главната причина за неговото евентуално заминување лежи во желбата за нов професионален предизвик. Бидејќи ќе биде слободен тренер на крајот на јуни, Енрике би можел да стане исклучително привлечен кандидат за водечките светски репрезентации кои ќе бараат селектор за новиот циклус по Светското првенство.
Друга можна причина е малиот пад на формата на ПСЖ оваа сезона. Иако резултатите не се лоши, тие не се на нивото на доминација од минатата сезона. Парижаните моментално се втори во француското првенство, еден бод зад Ленс, додека се на третото место во Лигата на шампионите, зад Арсенал и Баерн Минхен.
Престојот на Енрике во француската престолнина досега е исклучително успешен. Во својата прва сезона, тој го освои домашното првенство, купот и суперкупот, но круната на неговата работа дојде во сезоната 2024/2025, кога му ја донесе на ПСЖ првата, историска и долгоочекувана титула во Лигата на шампионите. Со тој успех, тој стана еден од најпопуларните тренери во историјата на клубот.
Foto/ depositphotos
Спорт
Манчестер Сити го заврши трансферот на Семењо
Доцна синоќа пристигна потврдата за веројатно најголемиот трансфер во Премиер лигата оваа зима.
Она за што се шпекулираше во изминатите неколку недели, доби потврда, дека Антоан Семењо е новиот играч на Манчестер Сити.
Фабрицио Романо, најпознатиот трансфер инсајдер, објави дека сите документи меѓу клубовите и фудбалерот се потпишани. Семењо ќе потпише повеќегодишен договор откако ќе ги заврши лекарските прегледи во текот на утрешниот ден.
Репрезентативецот на Гана можеше да избера помеѓу четири тима. На почетокот, Челзи се повлече, а кога се чинеше дека ќе го избере Ливерпул, тој се реши за Манчестер, но не за Јунајтед туку за Сити.
Борнмут ќе заработи вкупно 75.000.000 евра од трансферот.
Оваа сезона, Семењо постигна девет гола, со три асистенции на 19 натпревари.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Нотигнем Форест ја продолжија агонијата на Вест Хем
Фудбалерите на Нотингем Форест го победија Вест Хем како гости во натпреварот од 21-то коло од Премиер лигата. „Шумарите“ победија со резултат од 2:1.
Форест, прествртот го налрави со головите на играчот од средниот ред Николас Домингез во 55-тата минута и Морган Гибс-Вајт во 89-тата минута, откако Вест Хем поведе преку автогол на Муриљо во 13-тата минута.
„Шумарите“ по овој триумф останаа на 17-тото место на табелата, последно кое обезбедува опстанок, но сега имаат седум бодови повече од директниот конкурент, во борбата за опстанок, Вест Хем.
Foto/ depositphotos

