Македонија
Бачев поднесе тужба за бришењето на името на коалцијата „Никогаш Северна, само Македонија“
Претседателот на партијата Единствена Македонија и предводник на коалицијата „Никогаш Северна само Македонија“, Јанко Бачев, поднесе тужба до Управниот суд, откако ДИК го отфрли приговорот за, како што вели, незаконски избришаното име на коалцијата од гласачкото ливче.
Бачев вели дека доколку имало неправилности при поднесувањето на листите или проблем со името на колацијата ДИК требала во рок од 48 часа да се произнесе и да го извести политичкиот субјект. Коалцијата бара одговорност за повреда на избирачкото право, бидејќи според неа името било избришано незаконски и непосредно пред денот на изборите.
„Не е спорно што листите се поднесени со назив ‘Никогаш Северна , само Македонија’, не е спорно дека листите се поднесени во законски утврден рок, не е спорно дека се поднесени од овластен претставник на коалицијата, не е спорно дека се потврдени од страна на ДИК и дека се утвредени неправилности. Меѓутоа на ваквата неспорна фактичка состојба, ДИК од нему познати причини во заднина и надвор од очите на јавноста го избришал називот на листата ‘Никогаш Северна, само Макеоднија’ и ние практично на изборите настапивме како безимен субјект“, вели Бачев.
Од оваа коалција тужба до Управен суд следи и за отфрлениот приговор, за неважечките над 24.066 гласачки ливчиња за кои се сомневаат дека се фалсификувани, а требало да завршат на нивно конто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

