Свет
Болсонаро и на третото тестирање е позитивен на корона

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро е позитивен на коронавирус и на третото тестирање.
Присуството на вирусот за првпат му беше потврдено на 7 јули, а тој беше упатен на двонеделен задолжителен карантин, соопшти Владата. Оттука додаваат дека Болсонаро сè уште се чувствува добро.
Според Светската здравствена организација, времето на закрепнување за лесни случаи е две недели.
Болсонаро ќе продолжи да одржува состаноци преку видеоврска. Бидејќи е заразен, неговата посета на северот на Бразил била откажана.
Коронавирусот е потврден и кај четири лица во неговиот кабинет.
Болсонаро во неколку наврати ја негираше сериозноста на Ковид-19, нарекувајќи го „обичен грип“. Тој беше често гледан меѓу луѓето без маска.
Досега се потврдени повеќе од два милиони случаи на коронавирус во Бразил, а повеќе од 81.000 луѓе починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: Добив понуда од моќни луѓе

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека некои моќни луѓе од Европа му понудиле мирно да ја напушти Босна и Херцеговина.
„Имам понуда од некои моќни европски луѓе, кои ми испратија порака дека немаат ништо против да заминам и да бидам слободен во Унгарија, Русија, Србија, каде и да сакам“, рече Додик во емисијата „Телеринг“ на РТРС. Тој рече дека нема да ја напушти Република Српска.
пред еден месец, Судот на БиХ издаде налог за апсење на Додик и му одреди едномесечен притвор поради одбивање да се јави на поканата од Обвинителството на БиХ за сослушување како осомничено лице.
Додик беше прогласен за виновен со првостепената пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. Покрај тоа, Додик е под истрага за сомнителната купување на вила во Белград, а тој одби да се јави на поканата за сослушување во тој случај.
Свет
Турција: Уапсени 525 дилери со дрога во најголемата операција во земјата

Турската полиција уапси 525 осомничени дилери на дрога во операции низ Анкара, што е најголемата операција против дрога во историјата на земјата, објави министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликај.
Во операцијата учествувале илјадници полицајци, кучиња трагачи, дронови и хеликоптери, а цел биле повеќе од 625 објекти, рече Јерликај, објави АП.
Рациите следеа по шестмесечен „технички и физички надзор“ на секој осомничен.
Свет
Италијанскиот претседател се врати во својата резиденција по успешната операција

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денес ја напушти болницата „Санто Спирито“ во Рим откако му беше вграден пејсмејкер.
Во вторникот, Матарела успешно беше подложен на хируршка интервенција за инсталирање пејсмејкер, а претседателството нагласи дека нема причина за загриженост, објави Анса.
Тој се врати во својата резиденција, објави неговиот кабинет.
Веста за хоспитализацијата на претседателот предизвика бројни пораки за поддршка од сите политички кругови, вклучително и од премиерката на земјата, Џорџа Мелони.
„Му ги испраќам моите најтопли желби на претседателот Матарела за брзо и целосно закрепнување. Италија ве очекува наскоро со истата сила и посветеност“, рече Мелони преку социјалните мрежи, пренесува Танјуг.