Свет
(Видео) Градоначалникот на Портланд нападнат со солзавец на протест против полициска бурталност
Градоначалникот на Портланд, Тед Вилер, бил нападнат со солзавец од федералните агенти за време на масовните протести во Портланд, Орегон, против расизмот и полициското насилство, што се одржаа синоќа, пренесува „Њујорк пост“.
Вилер се соочи со бран исвиркувања и повици да си даде оставка кога им се обрати на демонстрантите на „Блек лајвс медр“ среде немирите во неговиот град. Тој се проби до скалите на Центарот за правда во округот Мултомах за да им се обрати на илјадниците, од кои некои извикуваа: „Фрлете му солзавец на Теди“ и „Врши си ја својата работа!“, покажува видеото објавено на социјалните мрежи.
Според локалните медиуми, Вилер, кој е на функцијата од 2017 година, околу два часа разговарал со демонстрантите пред да му биде фрлен солзавец. Тој му рекол на еден демонстрант: „Ја имате мојата поддршка. Нема да си заминам. Ако ви фрлат созлавец вам, нека ми фрлат и мене“.
#Portland Mayor Ted Wheeler is at the front line here, getting tear gassed by federal agents. There are folks out here who think this is a publicity stunt — they say the police gassed ppl long before the feds showed up. But others seem amazed. “Shit,” one man said. “He’s here.” pic.twitter.com/3Dcc3M2QFE
— Marissa J. Lang (@Marissa_Jae) July 23, 2020
Вилер побара федералните агенти да го напуштат градот нарекувајќи го нивното присуство противуставна окупација, според локалната телевизија КАТУ-ТВ.
Агентите во маскирна униформа од одделот за внатрешна безбедност и други федерални агенти беа распоредени во Портланд минатата недела за да ги заштитат федералните споменици и зградите по речиси два месеца демонстрации поради полициската бруталност и расизам. Агентите се обвинети за употреба на прекумерна сила за задржување на демонстрантите и за апсење луѓе без доволна причина.
„Тактиките што ги користат федералните офицери се одвратни. Не ги сакавме, не ги побаравме, тие не се обучени за она што се бара. И сакаме да си заминат“, рече Вилер.
Еден демонстрант го охрабри Вилер да остане цела ноќ за да биде сведок на одговорот на федералната полиција. По фрлањето на солзавецот, Вилер бил снимена како кашлаше додека се движи со демонстрантите, при што некои го пцујат.
Mayor Wheeler with eyes closed, coughing, suffering from the tear gas.
"How does it feel, Teddy?" someone shouts. pic.twitter.com/4VPOKcOIII
— Mike Baker (@ByMikeBaker) July 23, 2020
Едно лице свика: „Какво е чувството, Теди?“ и избувна куса расправија помеѓу толпата и неговите безбедносни агенти пред да го напушти местото на настанот.
Вилер, кој исто така е полицски комесар, претходно изјави дега федералните агенти ги зголемуваат тензиите во градот, но во неколку наврати повтори дека нема овластување да ги контролира нивните дејства ниту да ги натера да си заминат од градот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски и Трамп разговараа пред новата рунда преговори со Русија
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп разговараа телефонски во пресрет на новите преговори со Русија.
Во објава на мрежата „Икс“, Зеленски соопшти дека со Трамп разговарал за прашањата што ќе бидат тема на утрешните билатерални разговори во Швајцарија. На разговорот присуствувале и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.
Зеленски наведе дека разговарале и за подготовките за следните трилатерални мировни преговори меѓу Москва, Киев и Вашингтон, планирани за почетокот на март.
„Очекуваме овој состанок да создаде можност разговорите да се подигнат на ниво на лидери. Претседателот Трамп го поддржува овој редослед на чекори. Тоа е единствениот начин да се решат сите сложени и чувствителни прашања и конечно да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.
Тој нагласи дека украинскиот и американскиот тим интензивно работат и им се заблагодари на САД за активното учество во преговорите и напорите за завршување на војната.
Свет
Мексико ја скратува работната недела од 48 на 40 часа
Мексиканскиот парламент усвои уставна реформа со која работната недела постепено ќе се скрати од 48 на 40 часа, при што намалувањето целосно ќе стапи во сила во 2030 година.
Од 2027 година работната недела ќе се намали на 46 часа, а потоа ќе се кратат по два часа годишно сè додека не достигне 40 часа во 2030 година. Властите нагласија дека намалувањето на работното време нема да доведе до намалување на платите.
Реформата беше изгласана со 469 гласа „за“ и без ниту еден „против“. За да стапи во сила, потребно е одобрување и од 17 од 32 регионални парламенти.
Опозициски пратеници ја критикуваа реформата, оценувајќи дека не гарантира доволно денови за одмор. Тие побараа експлицитно да се предвиди два дена одмор по пет работни дена.
Според податоците, Мексико е меѓу земјите со највисоко ниво на стрес поврзан со работата, што беше наведено како аргумент за потребата од повеќе одмор.
Свет
Зеленски: „Дружба“ нема наскоро да биде поправена, Унгарија да се обрати до Русија
Поправката на нафтоводот „Дружба“, преку кој се транспортира руска нафта кон Источна Европа, нема да биде завршена наскоро, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, и покрај барањата од Европската унија и негодувањето од Унгарија.
Испораките на руска нафта кон Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, откако, според Киев, во руски напад била оштетена опрема на нафтоводот во западна Украина. Будимпешта и Братислава, пак, ја обвинуваат Украина за прекинот.
Зеленски изјави дека Русија е целосно одговорна за прекинот поради нападите врз украинската критична инфраструктура и ги отфрли „ултиматумите и политичкиот притисок“.
Тој додаде дека Унгарците треба да се обратат до Русија доколку сакаат решавање на проблемот.
„Унгарците треба да апелираат до Русите за енергетско примирје“, изјави Зеленски.

