Свет
Француска студија покажува дека џихадистичките терористи, наjверојатно, ќе го повторат делото
Студија објавена од Францускиот центар за анализа на тероризам (ЦАТ) открива дека 60 отсто од исламските радикали, кои ја напуштиле Франција за да се борат во странство меѓу 1986 и 2006 година, отишле за да извршат терористички престапи, пренесува „Фигаро“.
Студијата ги анализирала француските муслимани кои се бореле во Авганистан, Ирак и во Босна и Херцеговина. Истражувачите откриле дека повеќето од оние што се вратиле во Франција подоцна се вклучиле во тероризам.
Жан-Шарл Бризар, претседател на ЦАТ, ги коментира наодите велејќи:
„Досега меѓународните студии на сите идентификувани џихадисти во светот завршуваа со стапка на повторно враќање на тероризам од 11 отсто. Француската статистика е уште позагрижувачка“.
Додека 40 отсто од џихадистите што се вратиле не се вклучиле во вистински тероризам по пристигнувањето во Франција, „ Фигаро“ посочува дека многумина сè уште не се откажале од својата расна исламистичка идеологија, па дури и ја промовирале на помладите генерации.
Кај оние што патувале за да се борат во Ирак во раните 2000 години е забележана најголема стапка на рецидивизам по враќањето во Франција, при што сите 16 екстремисти ги продолжиле своите терористички акции во споредба со само 39 отсто од оние што патувале во Босна и Херцеговина.
Студијата доаѓа во време кога Франција треба да ослободи 2.540 радикални исламисти од затвор до 2022 година – над 300 од нив се директно поврзани со тероризам, а многу од нив се повратници од Ирак или Сирија, каде што се бореле за групи како Исламската држава.
Многу од исламистите што беа ослободени биле радикализирани додека биле во затвор, а Францускиот суд на ревизори тврди дека најмалку 498 притворени лица подложни на радикализација ќе бидат ослободени од 2020 до 2022 година.
Вкупно 10 затворски чувари биле повредени во шест одвоени напади изведени од исламистите меѓу 2018 и 2020 година. Други исламисти планираа терористички напади од затвор.
Во 2017 година двајца затвореници во затворот „Фреснес“ беа фатени како заговараат терористички напад кој требало да се случи по нивното ослободување. Тие успеале да стапат во контакт со припадниците на Исламската држава користејќи телефони шверцувани во затворот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Почина бебето кое беше извадено од утробата на мртвата мајка во Газа
Почина бебето кое во неделата со царски рез во Газа беше спасено од утробата на мртвата мајка, пишува Би-Би-Си.
Бебето е родено по итен царски рез извршен врз трудница која била убиена во израелски напад врз градот Рафа во Газа.
Освен мајката на Сабрин Ал Сакани, меѓу загинатите се и таткото на новороденото девојче и нејзината тригодишна сестра Малак.
Бебето при раѓањето тежело 1,4 килограми, а се родило во триесеттата недела од бременоста на мајката. Веднаш по царскиот рез беше сместено во инкубатор во болницата во Рафа заедно со уште едно бебе.
Но, девојчето после неколку дена почнало да има сериозни здравствени проблеми. Лекарите го реанимирале, но сепак починало вчера.
16 деца биле убиени за време на два воздушни напади на Рафа минатиот викенд, при бомбардирање на комплекс од станбени згради.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека цел биле борците и инфраструктурата на Хамас и воените комплекси.
Свет
Британските разузнавачи: Русите се’ побрзо напредуваат во Украина
По заземањето на источноукраинскиот град Авдијевка, руските трупи напредуваат побрзо во областа, објави денеска британското Министерство за одбрана во своето секојдневно известување.
„Руските копнени сили навлегоа и создадоа тесен коридор на украинска територија со цел да влезат во градот Очеретин, приближно 15 километри северно од центарот на Авдијивка“, пишува на профилот на Министерството за одбрана.
Оцеретин во областа Доњецк имал околу 3.500 жители пред почетокот на војната.
И по заземањето на Авдијивка во средината на февруари, Русите се уште сметаат дека освојувањето на таа област е една од клучните операции, оценува британското Министерство за одбрана.
„Иако претрпуваат големи загуби, многу е веројатно дека руските копнени сили се во позиција континуирано да ги гаѓаат украинските позиции во областа и дека презеле контрола врз неколку помали населби“, додаваат тие.
Украина се брани од руската инвазија повеќе од две години. Британското Министерство за одбрана редовно објавува информации за напредокот на војната. Москва го обвинува Лондон за ширење дезинформации.
Европа
16-годишно момче избодено во училиште во Германија
16-годишно момче е тешко повредено кога утрово околу 8 часот било избодено од тинејџер (17) во училиште во Нојкирхен-Влуин.
На нападот наводно му претходела вербална расправија.
Постариот ученик наеднаш извадил нож и го ранил 16-годишникот во горниот дел од телото.
Момчето итно било пренесено во болница, а лекарите велат дека неговата состојба е стабилна.
По прободувањето напаѓачот побегнал од училиштето, но полицијата брзо го лоцирала и го уапсила.
Според инспекторот, немало опасност по безбедноста на другите деца во училиштето.