Црна хроника
Уште еден починат во сообраќајката кај Росоман
Двајца загинати и четворица повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа што во четвртокот се случи на магистралниот пат Градско-Прилеп, на местото викано „Аеродром“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, поради недржење на страна и правец на движење комбе „Пежо боксер“ удрило во автомобил „Фолксваген венто“.
При несреќата на лице место загинал 51-годишниот Сашо З. од село Мало Мраморани, сопатник во фолксвагенот, додека со тешки телесни повреди во Медицинскиот центар во Кавадарци биле префрлени четири лица. Еден од нив, 35-годишниот Сашо М. од селото Врбовец им подлегнал на повредите.
Двајца од повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје, а еден од нив е задржан на лекување во Кавадарци. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

