Свет
Дутерте ги советуваше граѓаните маските да ги дезинфицираат со бензин

Филипинската здравствената служба брзо го поправи претседателот Родриго Дутерте, кој лошо ги советуваше граѓаните да ги дезинфицираат заштитните маски со бензин.
Дутерте предложил високо-запалива течност како замена за средство за дезинфекција, пренесува „Фокс њуз“.
„На крајот на денот, кога ќе ја закачите маската некаде, испрскајте ја со средство за дезинфекција ако можете да си го дозволите“, рече Дутерте и додаде дека другите можат да ја натопат маската во бензин или дизел гориво бидејќи така „ковидот ќе нема никакви шанси“.
Сепак, заменик секретарката на здравствениот сектор на Филипините, Марија Розарио Вергеира, напомена дека претседателот се шегувал и дека граѓаните не треба да го сфаќаат неговиот совет сериозно.
„Вие знаете како изгледаат обраќањата на нацијата на нашиот претседател. Ова е веројатно една од неговите шеги, особено онаа за бензинот“, рече Вергеира на прес-конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Велика Британија и сојузниците најавуваат нови санкции против Русија

Велика Британија и нејзините сојузници од Г7 треба да објават дополнителни санкции против Русија, соопшти британската влада, засилувајќи го притисокот врз Москва поради војната во Украина.
Се очекува премиерот Кир Стармер да го објави финализирањето на пакетот санкции и да каже дека сака да работи со сите партнери од Г7.
Целта е да се исцрпат руските енергетски приходи и да се намалат средствата што можат да се инвестираат во војната.
Велика Британија веќе санкционираше над 2.300 поединци, ентитети и бродови како дел од санкциите против Русија од инвазијата на Украина во 2022 година.
Свет
Трамп: Или ќе направиме фер договор со ЕУ или ќе ни платат

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека Европската унија допрва треба да го понуди она што тој го смета за фер договор. Трамп истакна дека Јапонија е „тврда“ во трговските преговори, додавајќи дека министерот за финансии Скот Бесент останал на состанокот на Г7 во Канада.
Трамп претходно го напушти состанокот на Г7. Обраќајќи им се на новинарите на враќање во „Ер Форс Уан“, Трамп се осврна на односот на Европската унија со САД.
„Разговараме, но сметам дека сè уште не нудат фер договор. Или ќе направат добар договор или само ќе го платат она што ние велиме дека треба да го платат“, рече Трамп.
Претседателот на САД истакна и дека постои можност за трговски договор меѓу Вашингтон и Јапонија.
„Јапонците се тешки, но на крајот мора да разберат дека ќе испратиме писмо во кое ќе кажеме што треба да платат, инаку нема да работат со нас“, посочи тој.
Трамп најави дека наскоро ќе воведе царини за фармацевтската индустрија.
„Наскоро ќе се занимаваме со фармацевтски производи. Ова ќе ги врати сите компании во Америка“, убеден е тој.
Дополнително, тој рече дека Канада ќе плати за да биде дел од неговиот проект за ракетниот штит „Златна купола“.
Свет
Кремљ: Конфликтот меѓу Израел и Иран е на пат на галопирачка ескалација

Кремљ денеска предупреди дека конфликтот меѓу Израел и Иран е на пат на галопирачка ескалација, повикувајќи ги сите страни на воздржаност.
Портпаролот на Кремљ рече дека Русија во моментов не ја гледа подготвеноста на Израел за посредување или мирно решавање на конфликтот.
Русија, исто така, им нуди на своите граѓани можност за евакуација од Иран преку Азербејџан поради зголемените тензии.