Црна хроника
Кумановец ја претепал сопругата и ја затворил во багажник
Кумановец ја претепал својата сопруга и ја затворил во багажник, па ја ослободил, соопшти МВР.
Во вторникот попладне околу 15.15 часот, двајцата сопружници се договориле да се сретнат на улица „11-ти Октомври“ во Куманово.
Жената се качила во автомобил „ауди’, но по кратка вербална расправија, 36-годишниот кумановец почнал да ја тепа четири години помладата сопруга.
Со автомобил ја однел на местото „Бедински мост“, каде насилно ја извлекол од автомобилот и ја тепал. Потоа ја затворил во багажник и ја ослободил на истата улица каде се сретнале.
Жената била примена во Медицинскиот центар Куманово, а полицијата работи на расчистување на случајот./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

