Спорт
Калкулации – кој останува во ПЛ – Астон Вила, Вотфорд и Борнмут?

Драмата пред последното коло во борбата за опстанок во Преиерлигата продолжува.
Три тима – Астон Вила, Вотфорд и Борнмут се борат за едно место кое носи опстанок во ПЛ и за идната сезона откако Норич веќе е вратен во Чемпионшип.
Во ПЛ гол разликата одлучува доколку на крајот клубовите имаат ист број на бодови.
Астон Вила и Вотфорд имаат по 34 бода, а Борнмут 31.
Клубот од Бирмингем има гол-разлика -26 (40-66), додека „Стршлените“ се со -27 (34-61).
Ако Астон Вила победи нагости кај веќе спасениот Вест Хем, Вотфорд може да остане во лигата само ако на „Емирати“ слави против Арсенал со 2 гола повеќе од директниот ривал. Ако двата тима одиграат нерешено, во ПЛ останува тимот од „Вила парк“.
Шанси да се спаси има и Борнмут. За тие и идната сезона да играат во елитата потребно е двата конкуренти да загубат на гостувањата, а тие да слават на „Гудисон“ против Евертон, со било кој резултат затоа што имаат гол разлика -27 (37-64).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Капитенот на Рома го напушта клубот

Лоренцо Пелегрини, капитенот на Рома би можел да го напушти кубот до крајот на преодниот рок.
„Калчомеркато“, тврди дека капитенот на „волчицата“ добил зелено светло од тренерот Џанпјеро Гасперини за трансферот.
Милан, Интер и Наполи се заинтересирани за услугите на 29-годишниот фудбалер. Според обложувалниците најголем фаворит за потписот на Пелегрини е Милан.
Пелегрини е дете на Рома. Тој е во клубот од почетокот на својата кариера.
Досега, на 316 натпревари за првиот тим на Рома, постигна 55 голови и забележа 59 асистенции.
Фото/ Принскрин
Спорт
Дијаз во Баерн за пет пати поголема плата

Колумбискиот напаѓач Луис Дијаз официјално ќе го засили Баерн во наредните денови.
Дијаз во текот на денот ќе слета во Минхен, каде што ќе се сретне со челниците на клубот, а медицинските прегледи се планирани за вторник. Потоа ќе следи официјализирање на трансферот вреден 75.000.000 евра со бонуси.
Дел од германските медиуми, во меѓувреме го објавија и финансискиот дел од договорот. Дијаз ќе има годишна плата од 14.000.000 евра, што е речиси пет пати повеќе од она што го имаше во Ливерпул. Таму заработуваше 2.700.000 по сезона.
Популарниот Лучо постигна 41 гол и асистираше уште 23 пати во 148 натпревари.
Фото/ Принскрин
Спорт
Гвардиола: Барселона? Таа приказна е завршена

Пеп Гвардиола импресивната тренерска кариера ја започна во Барселона. Најпрвин како тренер на Б тимот, а потоа го презеде првиот тим. Три години неговата Барселона доминираше во Европа.
Гвардиола ја напушти Барселона во 2012 година, се пресели во Баерн, а потоа во Манчестер сити.
Изминатите години често го прашуваа дали некогаш ќе се врати на „Ноу Камп“.
„Таа приказна е завршена. Засекогаш е ставен крај. Беше прекрасно, но заврши и нема да се случи повторно“, рече Гвардиола.
Исто така, покрај враќањето во Барселона, искусниот Шпанец зборуваше и за Ламин Јамал и споредбите на младата ѕвезда со Лионел Меси.
„Треба да го оставиме Ламин Јамал да си го гради својот пат и само кога ќе игра 15 години тогаш ќе можеме да кажеме дали е подобар од Меси или не“, рече Гвардиола и дополни.
„Фактот дека веќе го споредуваат со Меси е голема работа. Но, тоа е како да споредувате сликар кој штотуку почнува со Ван Гог.“
Foto/ EPA