Европа
Бегалец од Руанда призна дека подметнал пожар во катедралата во Нант
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/pozar-katedrala-nant-x-epa.png)
Француските обвинители започнаа официјална истрага за осомничениот мигрант, откако тој призна дека подметнал пожар во катедрала од 15. век во Нант.
Триесет и деветгодишниот маж, бегалец од Руанда кој доброволно се пријавил за чувар на катедралата Свети Петар и Павле, обвинителите повторно го испрашувале во саботата навечер и тој сега е во притвор, објави францускиот весник „Ле Монд“.
Цитирајќи го обвинителот Пјер Сени, весникот објави дека осомничениот ја признал одговорноста за пожарот кој на 18 јули го подметнал на три различни места во објектот.
Осомничениот не е идентификуван. Неговиот адвокат, кого „Ле Монд“ го идентификуваше како Квентин Чаберт, рече дека неговиот клиент горко се кае за тоа што го сторил.
„Мојот клиент соработува со властите“, објаснил Чаберт.
Пожарот во катедралата предизвика сериозно оштетување на оргулите од 17. век и остави трајни траги на старите стаклени прозорци.
Осомничениот сега се соочува со 10-годишна затворска казна и парична казна од 150.000 евра, објасни обвинителот Сени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Русија: Украинците погодија автомобил со дрон, загина девојче
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/napad-rusija2.jpg)
Четиригодишно девојче е убиено во напад од украински јуришен дрон во јужниот руски регион Белгород, изјави регионалниот гувернер.
Вјачеслав Гладков, пишувајќи на Телеграм, рече дека автомобилот во кој се наоѓало девојчето, нејзините родители и бабата и дедото, бил нападнат во област во близина на границата со Украина. Повредени се и останатите патници во автомобилот, а дедото на девојчето е во тешка состојба, додаде тој.
Гладков, исто така, рече дека украинските сили гранатирале три места во регионот, сите во близина на пограничниот град Шебекин.
Дополнително, Украина ги нападна руските региони Брјанск и Курск со најмалку 25 беспилотни летала, според гувернерите на регионите во југозападна Русија кои рекоа дека целото воздушно оружје е уништено. Руските системи за противвоздушна одбрана соборија 18 беспилотни летала над регионот Брјанск што граничи со Украина, изјави гувернерот на регионот Александар Богомаз на апликацијата за пораки Телеграм.
Тој додаде дека нападите дошле во неколку бранови и дека беспилотните летала биле соборени во многу области во регионот. Алексеј Смирнов, гувернерот на областа Курск, која исто така граничи со Украина, на Телеграм напиша дека над неговиот регион биле уништени седум дронови.
Двајцата гувернери изјавија дека нема повредени или голема материјална штета во нападите. Руските власти често не го откриваат целосниот обем на штетата предизвикана од украинските напади. Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите.
Киев рече дека нападите врз руската воена, транспортна и енергетска инфраструктура се одговор на континуираните напади на Москва на украинска територија од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година.
Европа
Нема струја, водата носи мостови, расте бројот на исчезнати во Швајцарија (ВИДЕО)
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/oBK9lwTeiv-i-istanbul-pod-voda-poplavite-predizvikale-haos-i-vo-turcija.jpeg)
Во Швајцарија неколку лица се водат како исчезнати во кантон Тичино на југоистокот на земјата, по свлечиште предизвикано од силни дождови што ја зафатија оваа алпска земја, соопшти полицијата.
„Големите бури предизвикаа свлечиште во регионот Фонтана и луѓе се пријавени како исчезнати“, се наведува во соопштението на полицијата без да изнесат дополнителни детали.
Спасувачките акции се особено тешки поради лошите временски услови, додаваат од полицијата. Апел за евакуација од куќите во близина на реката Маги е упатен рано утрово за жителите на Прат-Сорника и долината Маги, каде се бараат исчезнатите. Патиштата се пресечени, а камповите што се наоѓаат покрај реката се евакуирани, соопшти кантоналната полиција. Водата однесе мост и блокираше кантонален пат. Струјата е исклучена во делови од регионот, а дел од кантонот остана без питка вода, според федералниот систем за предупредување Swissalert. Голем дел од Швајцарија од вчера попладне беше погоден од силни грмежни невремиња проследени со многу обилни врнежи.
⛈️ Nouvelle catastrophe à Zermatt en Suisse où des orages diluviens causent des inondations cette nuit, 8 jours après les précédentes. 🌊 (© Manuel Jorge) pic.twitter.com/eYuKmHmZT5
— Météo Express (@MeteoExpress) June 29, 2024
Европа
Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/shahed-136-dron00002-830x0.jpg)
Системите на руската противвоздушна одбрана уништија 36 дронови, испратени од Украина во текот на изминатата ноќ кон територијата на Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Петнаесет беспилотни летала се соборени над Курска област, девет над Липецка, по четири над Воронешка и Брјанска и по два над Орловска и Белгородска, посочи Министерството во објава на социјалната мрежа Телеграм.