Свет
Во Кина најголем скок на бројот на заболени од април

Кина денеска регистрира 61 нов случај на коронавирус, најголем број на заболени од април, што е резултат на жариште во три региони. Тоа поттикна стравување со нов бран на епидемијата во оваа земја.
Поголем број од случаите во кои се работи за локална трансмисија на коронавирусот се откриени во регионот Ксинџијанг во северозападниот дел од земјата, според националното здравство. Во тој регион болеста е откриена во главниот град Урумки.
Во северозападната покраина Лиаонинг минатата недела биле откриени 14 случаи на локална трансмисија во градот Далиан.
Уште два случаи на локален пренос се откриени во соседната покраина Џилин во близина на севернокорејската граница и се работи за прв случај од крајот на мај.
Четири други случаи се потврдени денеска и се припишани на таканаречените „увезени“ случаи.
Кинеските власти воведоа масовно тестирање на жителите во градот Далијан, а втор бран тестирања вчера беа спроведени во Урумки.
Досега се тестирани над 2,3 милиони луѓе во градот од 3,5 милиони жители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.