Свет
(Видео) Немири во боливиските затвори поради коронавирусот

Смртта на еден затвореник, за кого постои сомнеж дека бил заразен со коронавирус, предизвика немири во четирите најголеми затвори во регионот Кочабамба во Боливија.
Затворениците бараат медицинска помош и лекови, со цел да спречат нови смртни случаи од Ковид-19, пишува „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.
Локалните медиуми објавија фотографии и видеа на кои се гледа како затворениците се качуваат на покривите на затворот, барајќи лекови и пристап до медицинска помош.
Бранителот на правата на граѓаните во Кочабамба, Нелсон Кокс, ги повика екипите на лекарите да направат проценки за состојбата во затворот за да спречат нови смртни случаи.
Ширењето на вирусот во затворите
Кокс рече дека осум затвореници починале како последица на Ковид-19 досега, предизвикувајќи загриженост за ширење на вирусот во затворите.
Властите досега пријавиле повеќе од 60 смртни случаи како резултат на инфекцијата со коронавирус во казнените домови низ цела Боливија, кои биле преполни.
Во последните неколку месеци имало повеќе смртни случаи за кои постои сомнение дека биле предизвикани од коронавирусот, но овие сомневања не се потврдени, поради скромниот капацитет за тестирање во оваа земја.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Додик: Добив понуда од моќни луѓе

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека некои моќни луѓе од Европа му понудиле мирно да ја напушти Босна и Херцеговина.
„Имам понуда од некои моќни европски луѓе, кои ми испратија порака дека немаат ништо против да заминам и да бидам слободен во Унгарија, Русија, Србија, каде и да сакам“, рече Додик во емисијата „Телеринг“ на РТРС. Тој рече дека нема да ја напушти Република Српска.
Пред еден месец судот на БиХ издаде налог за апсење на Додик и му одреди едномесечен притвор поради одбивање да се јави на поканата од Обвинителството на БиХ за сослушување како осомничено лице.
Додик беше прогласен за виновен со првостепената пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит. Покрај тоа, Додик е под истрага за сомнителното купување вила во Белград, а тој одби да се јави на поканата за сослушување во тој случај.
Свет
Во Турција уапсени 525 дилери на дрога во најголемата операција во земјата

Турската полиција уапси 525 осомничени дилери на дрога во операции во Анкара, што е најголемата операција против дрога во историјата на земјата, објави министерот за внатрешни работи на земјата, Али Јерликај.
Во операцијата учествувале илјадници полицајци, кучиња трагачи, дронови и хеликоптери, а цел биле повеќе од 625 објекти, рече Јерликај, објави АП.
Рациите следуваа по шестмесечен технички и физички надзор на секој осомничен.
Свет
Италијанскиот претседател се врати во својата резиденција по успешната операција

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денес ја напушти болницата „Санто Спирито“ во Рим по вградувањето пејсмејкер.
Во вторникот Матарела успешно беше подложен на хируршка интервенција за инсталирање пејсмејкер, а претседателството нагласи дека нема причина за загриженост, објави „Анса“.
Тој се врати во својата резиденција, објави неговиот кабинет.
Веста за хоспитализацијата на претседателот предизвика многубројни пораки за поддршка од сите политички кругови, вклучително и од премиерката на земјата, Џорџа Мелони.
„Му ги испраќам моите најтопли желби на претседателот Матарела за брзо и целосно закрепнување. Италија ве очекува набргу со истата сила и посветеност“, рече Мелони преку социјалните мрежи, пренесува „Танјуг“.