Црна хроника
Одземени 23 возила со кои се вршел нелегален превоз на патници
Вкупно 23 возила со кои бил вршен нелегален превоз на патници биле одземени во мај, во рамки на акцијата „Сив пајтон“.
Акцијата, што ја спроведува Државниот инспекторат за транспорт при Министерството за транспорт и врски, се спроведува претежно на влезно-излезните места од градовите и во сите општини во Република Македонија.
Согласно Законот за превоз во патниот сообраќај предвидена е глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност за лица кои вршат јавен превоз без соодветни дозволи и без лиценца. Освен предвидената глоба, предвидено е времено одземање на возилото што било користено за превоз на период од шест месеци до една година. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето
Вчера во 10.06 часот во СВР Скопје, 47-годишниот Б.П. од Скопје пријавил дека околу 09.50 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот сосед, 64-годишниот З.К. од Скопје пукал со воздушна пушка и погодил мачка, сопственост на пријавителот, извести МВР.
Со пријавениот бил извршен службен разговор и од него била одземена воздушната пушка, дијаболи и потврда за пријавено оружје, сопственост на неговиот син, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец измамен за 800 евра
Вчера во 08.30 часот во СВР Тетово, 38-годишен тетовец пријавил дека на 22.04.2024 бил измамен од едно лице за сума од 800 евра, извести МВР.
„Според пријавеното, лицето дошло во неговиот деловен објект и му понудило мобилен телефон за сумата, за што му приложил и фактура. Како што е пријавено, тој одлучил да го купи телефонот, а откако се обидел да го активира кај неколку сервисери, тие му кажале дека телефонот не е оригинал и сфатил дека бил измамен“, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“, нема повредени
Вчера во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во концертна сала на Факултетот за музичка уметност „Илија Николовски-Луј“ во Скопје, извести МВР.
Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема, додаваат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.