Свет
Казна од 11 години затвор за маж што уби горила во Уганда
Убиецот на еден од најпознатите планински горила во Угадна, Рафики, е осуден на 11 години затвор.
Феликс Бјамукама призна дека нелегално влегуол во заштитеното подрачје на националниот парк и го убил горилата. На почетокот на судењето тој тврдеше дека животното го нападнало и дека го убил Рафики во самоодбрана.
Бјамукама исто така се изјасни за виновен за убиство на антилопи и диви свињи, односно за поседување месо од овие животни, пишува Би-би-си.
Истрагата откри дека Рафики бил убиен од остар предмет што ги пробол неговите внатрешни органи. Претставниците на националниот парк на 1 јуни забележале дека горилата го нема, а неговото тело било пронајдено еден ден подоцна.
Уште тројца мажи се во затвор и очекуваат судење.
Властите во Уганда кон средината на јуни уапсија четворица мажи поврзани со убиството на 25-годишниот мажјак, кој бил водач на групата и многу популарен кај туристите.
Мажјакот по име Рафики беше убиен во Националниот парк Бвинди.
Тоа е парк под заштита на УНЕСКО, кој се наоѓа во близина на границата со Конго, на чија територија има прашума што се протега на 320 квадратни километри. Овој национален парк е дом на мајмуни, слонови, антилопи и други диви животни.
Туристите најмногу го посетуваат поради популацијата од речиси 400 планински горили, кои ја населуваат областа. Околу половина од светската популација на горили живее токму во Бвинди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.