Македонија
(Видео) Ангеловски: Полицијата е во Синичане за да спречи нарушување на јавниот ред и мир
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по добиени сознанија за активностите за изградба на водоснабдителен систем за село Синичане, Тетовско, е излезено на самото место на терен, прибавени се податоци и информации и до Основното јавно обвинителство Тетово поднесено е известување за сомнение за сторено кривично дело бесправно градење, соопшти на денешната прес-конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
„Потенцираме дека присуството на полициски службеници на местото на кои се почнати работни активности за изградбата на водоснабдителниот систем е во функција на обезбедување на јавниот ред и мир. Наша задача е единствено да бидат преземени сите законски мерки со цел да се спречи нарушување на јавниот ред и мир на таа локација за да не дојде до несакани настани со посериозни последици за мирот и безбедноста на граѓаните и тоа ќе го правиме сè додека постои безбедносна процена дека тоа може да се случи“, рече Ангеловски.
Што се однесува до координацијата и соработката со Јавното обвинителство, Ангеловски потенцира дека МВР соработува со Обвинителството во сите случаи, се разбира, и во овој за истрагата што ја води Обвинителството.
„Но, ние како институција, која е задолжена за одржување на јавниот ред и мир, имаме оперативни сознанија и неколку конкретни пријави од локални жители за опасност од сериозно нарушување на јавниот ред и мир и поради тоа на ова место има полициски службеници. Повторувам, со цел да се избегне какво било нарушување на јавниот ред и мир. Полицијата е сервис на сите граѓани и ние сме должни да постапиме во вакви случаи, а за тоа дали и каде треба да се гради водовод, ние немаме апсолутно никакви ингеренции ,туку за тоа се надлежни други институции и тие треба да одлучуваат за тоа“, рече Ангеловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

