Црна хроника
Трифуновски тврди дека била нападната неговата ќерка оти бил полицаец
Полицаецот Јаким Трифуновски, на кого му се суди за двојно убиство во Гостивар, тврди дека сега веќе убиените момчиња ја нападнале ќерката и сакале да му се осветат оти бил полицаец.
„Немаше никакви мотиви од национална и верска природа“ рече Трифуновски во Основниот суд во Гостивар.
Тој беше донесен во судот со силно полициско обезбедување, откако судењето два пати беше одложувано поради безбедносни причини.
Убиството се случи на 28-ми февруари на паркинг во Гостивар, кога Трифуновски кој не бил на работна задача со службениот пиштол ги застрела Бесник Шехапи и Имран Мехмеди.
По убиството во јавноста имаше повеќе верзии зошто се случило, дека се скарале за паркинг место и дека полицаецот пукал во самоодбрана за да ја заштити својата ќерка која беше со него.
Роднините на убиените, пак, тврдеа убиството било извршено ладнокрвно и дека полицаецот бил насилен. Трифуновски и претходно имал други кривични пријави за насилство./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Камион удри во крава на патот Крива Паланка – Куманово
Камионџија од Бугарија усмрти крава на патот Крива – Паланка – Куманово.
Според информациите на МВР, вчера во 18:00 часот во ОВР Крива Паланка e пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, во село Жидилово, кривопаланечко, товарно возило „мерцедес“, управувано од Е.М.С.(59) од Бугарија, удрило во домашно животно – крава, по што животното починало, а тој со возилото го напуштил местото.
По преземени мерки Е.М.С. бил пронајден и против него ќе следува соодветна пријава. Увид извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Црна хроника
84-годишна битолчанка измамена за сума од 9.600 евра
Осумдесет и четиригодишна битолчанка пријавила во полицијата дека била измамена од едно лице за сума од 9.600 евра.
„Според пријавеното, претходно лицето ѝ се јавило, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со скршеници и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, таа ги дала парите на едно лице кое дошло пред нејзината зграда, а откако подоцна се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: Depositphotos
Црна хроника
Скопјанец нашол паричник во Струга, ги потрошил парите, па пазарел и со картичката, МВР го пронајде
Полицијата во Струга поднесе кривична пријава против П.П. (41) од Скопје, со привремено живеалиште во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Тој, во угостителски објект во Струга пронашол паричник сопственост на лице од струшко село, по што со парите а потоа и со банкарска платежна картичка, на повеќе продажни места, неовластено извршил плаќање за свои потреби.

