Европа
Три региони на Шпанија на „црниот“ список на Германија
Германскиот институт за заразни болести „Роберт Кох“ стави три региони во Шпанија на списокот на дестинации со висок ризик во однос на заразеност со коронавирус.
На списокот се наоѓаат Каталонија, Арагон и Навара, пренесува „Ројтерс“.
Сезоната на годишни одмори ги поттикна стравувањата од втор бран на епидемијата по враќањето на туристите од дестинациите кои бележат пораст на нови случаи на Ковид-19, како што е Шпанија.
Германските власти објавија дека тестирањето за коронавирус на аеродромите ќе биде задолжително за сите патници кои се враќаат во земјата од подрачја со висок ризик.
Во Германија, од почетокот на пандемијата, вирусот е потврден кај речиси 210.000 лица, додека над 9000 заболени починале како резултат на инфекцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Се огласи болницата во Банска Бистрица: Ова се последните информации за состојбата на Роберт Фицо
Состојбата на словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше ранет во обид за атентат минатата недела, е стабилна, соопштија од болницата во Банска Бистрица.
„Клинички се подобрува, комуницира, воспалителните параметри полека се намалуваат. Премиерот останува под наша грижа“, соопштија од болницата во Банска Бистрица по денешната седница на советот.
Фицо беше тешко ранет минатата среда по состанокот на кабинетот кога се приближи до насобраните луѓе.
Тој со хеликоптер беше префрлен во болницата во Банска Бистрица, каде што итно беше опериран и оттогаш е таму.
Претходните денови се зборуваше за префрлање на премиерот во друга институција, но како што може да се заклучи од денешното соопштение на болницата, тој засега останува во Банска Бистрица.
Европа
Украина со дронови нападна руска рафинерија: „Има штета, престана да работи“
Руска нафтена рафинерија во Славјанск, во Краснодарската област, беше оштетена по напад со беспилотно летало кон крајот на минатата недела, објави денеска државната новинска агенција „Тасс“ цитирајќи претставник на компанијата за безбедност.
Шест беспилотни летала погодија област на нафтена рафинерија во Славјанск во јужниот дел на Русија Краснодар во раните утрински часови, според локалните власти.
Новинската агенција „Интерфакс“ објави дека рафинеријата престанала да работи по нападот.
„Причинета е штета. Ќе се утврдат нејзината големина и опсегот“, ја цитира „Тасс“ изјавата на безбедносниот претставник Едуард Труднев во понеделникот.
Рафинеријата во Славјанск е приватна постројка со капацитет од речиси 100.000 барели дневно. Произведува гориво за домашни потреби и за извоз.
Европа
Ердоган: Раиси беше вреден колега и брат
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и на иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахијан, нагласувајќи дека Турција стои во солидарност со Иран.
Ердоган на платформата Х напиша дека се сеќава на Раиси со почит и благодарност наведувајќи дека иранскиот претседател вложил напори за мир во Иран и регионот.
„Турција стои покрај Иран во ова тешко време“, рече Ердоган нарекувајќи го Раиси „вреден колега и брат“.
Покрај Раиси и иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир Абдолахијан, идентификувани се уште три лица што загинаа во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.
Загинаа се имамот во градот Табриз, ајатолахот Мохамад Али ал-е Хашем, началникот на иранската провинција Источен Азербејџан, генерал Малек Рахмати, и командантот на единицата за заштита на претседателот, Сардар Сејед Мехди Мусави.
Загинаа и одреден број телохранители и екипаж на хеликоптерот, кои сè уште не се идентификувани.