Европа
Топлотен бран во Италија, издаден црвен аларм во десет градови
Топлотниот бран од Северна Африка донесе температури до 40 степени во Италија.
Десет градови се означени со црвена боја, што е предупредување за екстремно високи температури.
Според билтенот на италијанското Министерство за здравство, алармот се активира во Рим, Болоња, Торино, Фиренца, Кампобасо, Пескара, како и во градовите Риети, Фрозиноне, Болцано и Перуџа.
Како што е наведено, невреме и грмежи се очекуваат следната недела во централниот дел на Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Маж со нож нападнал полициска патрола во Германија, убиен е
Маж вчера со нож нападнал тројца полицајци во близина на Нирнберг во Германија. Тој почина откако беше застрелан од полицијата на железничка станица, изјави портпаролот на полицијата.
Тој починал на местото на настанот, во јужниот град Лауф ан дер Пегниц, и покрај итните мерки за прва помош, изјави портпаролот.
Според полицијата, напаѓачот најпрвин нападнал полициски автомобил во патрола. Кога полицајците излегле од возилото, тој тргнал кон нив.
„Имаше нож“, рече портпаролот.
Портпаролот рече дека нема повредени полицајци и не даде детали за тоа колку истрели биле испукани, кој испукал или каде бил погоден човекот.
Тој, исто така, првично не го коментираше идентитетот на напаѓачот или позадината на неговиот напад.
Според портпаролот на полицијата, просторот пред станицата е ограден.
Европа
Русија: Украинците погодија автомобил со дрон, загина девојче
Четиригодишно девојче е убиено во напад од украински јуришен дрон во јужниот руски регион Белгород, изјави регионалниот гувернер.
Вјачеслав Гладков, пишувајќи на Телеграм, рече дека автомобилот во кој се наоѓало девојчето, нејзините родители и бабата и дедото, бил нападнат во област во близина на границата со Украина. Повредени се и останатите патници во автомобилот, а дедото на девојчето е во тешка состојба, додаде тој.
Гладков, исто така, рече дека украинските сили гранатирале три места во регионот, сите во близина на пограничниот град Шебекин.
Дополнително, Украина ги нападна руските региони Брјанск и Курск со најмалку 25 беспилотни летала, според гувернерите на регионите во југозападна Русија кои рекоа дека целото воздушно оружје е уништено. Руските системи за противвоздушна одбрана соборија 18 беспилотни летала над регионот Брјанск што граничи со Украина, изјави гувернерот на регионот Александар Богомаз на апликацијата за пораки Телеграм.
Тој додаде дека нападите дошле во неколку бранови и дека беспилотните летала биле соборени во многу области во регионот. Алексеј Смирнов, гувернерот на областа Курск, која исто така граничи со Украина, на Телеграм напиша дека над неговиот регион биле уништени седум дронови.
Двајцата гувернери изјавија дека нема повредени или голема материјална штета во нападите. Руските власти често не го откриваат целосниот обем на штетата предизвикана од украинските напади. Ројтерс не можеше независно да ги потврди извештаите.
Киев рече дека нападите врз руската воена, транспортна и енергетска инфраструктура се одговор на континуираните напади на Москва на украинска територија од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година.
Европа
Нема струја, водата носи мостови, расте бројот на исчезнати во Швајцарија (ВИДЕО)
Во Швајцарија неколку лица се водат како исчезнати во кантон Тичино на југоистокот на земјата, по свлечиште предизвикано од силни дождови што ја зафатија оваа алпска земја, соопшти полицијата.
„Големите бури предизвикаа свлечиште во регионот Фонтана и луѓе се пријавени како исчезнати“, се наведува во соопштението на полицијата без да изнесат дополнителни детали.
Спасувачките акции се особено тешки поради лошите временски услови, додаваат од полицијата. Апел за евакуација од куќите во близина на реката Маги е упатен рано утрово за жителите на Прат-Сорника и долината Маги, каде се бараат исчезнатите. Патиштата се пресечени, а камповите што се наоѓаат покрај реката се евакуирани, соопшти кантоналната полиција. Водата однесе мост и блокираше кантонален пат. Струјата е исклучена во делови од регионот, а дел од кантонот остана без питка вода, според федералниот систем за предупредување Swissalert. Голем дел од Швајцарија од вчера попладне беше погоден од силни грмежни невремиња проследени со многу обилни врнежи.
⛈️ Nouvelle catastrophe à Zermatt en Suisse où des orages diluviens causent des inondations cette nuit, 8 jours après les précédentes. 🌊 (© Manuel Jorge) pic.twitter.com/eYuKmHmZT5
— Météo Express (@MeteoExpress) June 29, 2024