Спорт
Тајсон Фјури е најдобриот тешкаш според магазинот „Ринг“
ВБЦ-шампионот Тајсон Фјури е најдобриот боксер во тешка категорија според рејтингот на угледниот боксерски магазин „Ринг“, иако неговиот британски сонародник Ентони Џошуа е носител на ВБА, ИБФ и ВБО-титулите.
31-годишниот Фјури се искачи на првото место во категоријата по импресивната победа над Дионтеј Вајлдер во февруари за повторно да стане светски шампион, а 30-годишниот Еј Џеј е втор по враќањето на титулите по реваншот со Енди Руиз Јуниор. Двајцата имаат договор за два меча во 2021 година во обид да се добие апсолутен шампион во категоријата.
На третото место има уште едно изненадувачко име, Дилијан Вајт, пред американскиот предизвикувач Вајлдер. Вајт има една победа во тешка категорија (од Џошуа во 2015) и 27-1 скор и е официјаен предизвикувач за ВБЦ-титулата повеќе од 1.000 дена.
Во топ-10 на „Ринг“ се и Луис Ортиз, Александер Поветкин, Џозеф Паркер, Мајкл Хантер, Оскар Ривас и бугарскиот предизвикувач за титулите на Џошуа, Кубрат Пулев.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Пакета побарал Вест Хем да ја прифати понудата од Фламенго
Играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета, е на пат да го напушти клубот, објави Гардијан.
Бразилецот го замолил тренерот да не го носи на натпреварот од ФА Купот бидејќи сака да се врати во Бразил. Конкретен интерес за него покажа најбогатиот клуб во Јужна Америка, Фламенго.
Од Бразил во Лондон пристигнала понуда од 40 милиони евра.
Вест Хем не сака да остане без најдобриот играч, во ситуација кога се бори за опстанок во лигата и кога за неговите услуги интерес покажале европски клубови, подготвени да понудат повеќе пари.
Сепак ставот на Пакета е јасен сака да се врати дома, во Фламенго.
Спорт
Галагер се враќа во Премиер лигата?
Конор Галагер би можел да се врати во Премиер лигата оваа зима
Како што откри Матео Морето, Астон Вила тргна во офанзива за неговиот потпис, бидејќи Англичанецот, не е во преден план кај тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне.
Галагер нема ништо против враќање во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед и Њукасл исто така покажале интерес, но само од Астон Вила покажале конкретен интерес.
Унај Емери не го доби засилувањето што го сакаше во Харви Елиот, кој ќе се врати во Ливерпул, па затоа Шпанецот сака нов играч од средниот ред, со различен профил.
Галагер има искуство во Премиер лигата, играше за Кристал Палас и Челзи, а претходно во кариерата беше дел од Чарлтон, Свонси, Вест Бромвич Албион.
Пред да замине за Шпанија, одигра 136 натпревари во Премиер лигата.
Атлетико Мадрид пред 18 месеци на Челзи му плати 42 милиони евра за Галагер. Се претпоставува дека „јорганџиите“, за него бараат околу 40 милиони евра.
Спорт
Алушовски го презеде Еурофарм Пелистер
Еурофарм Пелистер има нов тренер. На местото на Рубе Гарабаја, екипата до крајот на сеозната ќе ја предводи, поранешниот играч на овој клуб, Стевче Алушовски.
„Нашиот нов почеток во 2026 година е поврзан со добро познато име. Стевче Алушoвски е нов тренер на Еурофарм Пелистер и ќе ја води нашата екипа до крајот на оваа сезона. 53-годишниот тренер по неколку години се враќа во својот матичен клуб, во улога на тренер на шампионот на Македонија. Алушoвски во два наврати водеше клуб од Битола – Пелистер и Еурофарм Работник, а сега го презема тимот на Еурофарм Пелистер.
Нашиот прославен репрезентативец тренерската, како и играчката кариера, ја започна во Битола. Во мак-ракометот ги водеше Вардар 1961 и Охрид, а кратко работеше и во Исланд“. објави клубот на социјалните мрежи.
Новиот тренер првиот собир го закажа за в среда (14 јануари) во 17:00 часот.
Izvor/ facebook.com/hceurofarmpelister

