Македонија
Регистрирани 166 новозаразени со коронавирус во Македонија, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-1, Штип-23, Тетово-12, Струга-7, Битола-1, Охрид-3, Кавадарци-9, Гостивар-15, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-10, Виница-2, Свети Николе-2, Кичево-12, Неготино-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 185 оздравени пациенти од: Скопје-98, Куманово-17, Штип-25, Битола-8, Гостивар-15, Радовиш-2, Пробиштип-1, Свети Николе-12, Кичево-3, Ресен-4.
Починати се 4 лица, пациент од Скопје (77г.), пациент од Кичево (72г.), пациент од Штип (58г.) и пациент од Битола (70г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11054, бројката на оздравени пациенти е 6882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3675. Денес се евидентираат 3 контролни теста и исправка за 1 оздравено лице. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 4901, активни 1372
• Куманово 1083, активни 263
• Дебар 206, активни 118
• Штип 859, активни 428
• Прилеп 333, активни 53
• Тетово 1057, активни 237
• Струга 456, активни 202
• Велес 225, активни 22
• Битола 143, активни 64
• Охрид 277, активни 89
• Кавадарци 70, активни 53
• Гостивар 465, активни 269
• Гевгелија 23, активни 12 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 37, активни 21
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 21
• Крушево 16, активни 9
• Кочани 104, активни 24
• Пробиштип 53, активни 19
• Демир Хисар 33, активни 27
• Македонски Брод 36, активни 31
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 5, активни 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница 18, активни 14
• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 8
• Свети Николе 224, активни 165
• Кичево 172, активни 105
• Ресен 146, активни 26
• Неготино 27, активни 7 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1419 теста се преку: ИЈЗ-1058, ЦЈЗ Скопје-23, Авицена-134, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -114, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-6, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 105357 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 47 пациенти, 1 на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 5 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 170
• Аеродром – 156
• Бутел – 87
• Гази Баба – 139
• Центар – 120
• Карпош – 120
• Сарај – 65
• Кисела Вода – 149
• Ѓорче Петров – 97
• Студеничани – 48
• Шуто Оризари – 111
• Арачиново – 24
• Илинден – 23
• Петровец – 17
• Чучер Сандево – 8
• Сопиште – 21
• Зелениково- 8
• Странец – 6
• Нераспределен- 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДС пред да зборува за економските политики и за тоа како се живее во државата, нека го праша Филипче како живее, бијдеќи тоа што го збори СДС, а Филипче го прави не соодветствува едно со друго, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на која СДСМ побара покачување на минималната плата и платите во сите сектори.
„Нека каже Филипче како со лекарска и пратеничка плата, се стига до јахти, облакодери и акции во авиокомпании, па да ја раководиме економијата на државата во тој правец. Секако, ако е легално и законски начинот на кој ги заработил парите.
Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи. Од земја на раб на банкрот, зголемени сметки, плати кои стагнираат и не се исплаќаат во време на СДС, за една година го сменивме начинот на живеење. Сега, граѓаните имаат повисоки плати, пензии, нови работни места, земјоделците добиваат субвенции.
Разликата е јасна. Со СДС се крадеше, а сега со ВМРО-ДПМНЕ се градат темелите на промените“, се додава во партиската реакција.
Македонија
(Видео) Владата да ја покачи минималната плата на 500 евра, порача СДСМ

Филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски за наводен раст на платите од 11 до 13 проценти месечно се најголемо потценување и навреда за граѓаните, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Мицкоски сака да каже дека платите во последните месеци пораснале и до 110 проценти. Такви фантазии не постојат во македонската економија. Реалноста е спротивна – цените растат, а платите стагнираат“, рече Кузеска.
Таа посочи дека според официјалните податоци синдикалната кошница за четири месеци се зголемила за 3.473 денари, додека просечната плата пораснала за само 1.033 денари.
„Минималната плата во Македонија е најниска во регионот, додека во БиХ е 511 евра, во Србија 500, во Црна Гора меѓу 600 и 800 евра. Владата на Мицкоски не дозволува минималната плата да достигне 500 евра“, изјави таа.
СДСМ оценува дека Македонија тоне во сиромаштија, со БДП по глава на жител од 8.751 долар, далеку под европскиот просек.
„Филмовите на Мицкоски не ја плаќаат потрошувачката кошница. Владата мора веднаш да ги покачи платите и да го прифати предлогот на СДСМ за минимална плата од 500 евра и покачување во сите сектори“, додаде Кузеска.
Македонија
Од 1,5 до 3,3 промили – пијани возачи приведени низ Македонија

Вчера во повеќе градови во земјава полицијата приведе возачи кои управувале возила под дејство на алкохол, а двајца од нив предизвикале и сообраќајни несреќи.
Во Неготино, околу 12:10 часот, полициски службеници привеле 55-годишен возач на „рено“ со локални регистарски таблички, кај кого биле измерени 2,15 промили алкохол.
Во Кавадарци, пак, околу 22:30 часот, приведен е 24-годишен возач на „фолксваген голф“ со велешки таблички, кој учествувал во сообраќајна несреќа и кај кого биле измерени 1,58 промили алкохол.
Во Скопје, околу 00:45 часот на ул. „Цветан Димов“, полицијата го привела 49-годишен возач на „форд“, кој исто така учествувал во сообраќајна несреќа. Кај него биле измерени дури 3,30 промили алкохол во крвта.
Во Куманово, на бул. „Трета македонска ударна бригада“, околу 23:25 часот е приведен 48-годишен возач на „форд“ со 1,70 промили алкохол.
Во Битола, пак, околу 22:15 часот, полицијата го запрела 48-годишен возач од струмичкото село Баница, кој управувал „фиат“ со 1,82 промили алкохол во крвта.