Спорт
Лидс јунајтед на Алиоски ќе се наполни со пари ако опстане во Премиер лигата
Ако Лидс јунајтед успеат да опстанат во Премиер лигата следната сезона ќе добијат најмалку 265 милиони фунти во дополнителни приходи во следните пет години, вели процената на финансиските експерти од „Делоит“.
Нивната проценка вели дека клубот во кој игра македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски ќе заработат 160 милиони фунти во следните три години со самото влегување во Премиер лигата, а бидејќи се работи за клуб со славна историја, овие средства ќе се зголемат ако опстанат во елитата, од каде што испаднаа пред 16 години.
Газдата на клубот, Андреа Радрицани им вети на навивачите дека Лидс јунајтед имаат поголеми амбиции од обично опстанување во лигата, но посочи дека клубот „прво мора да научи да оди, а потоа да трча“.
Статистиката не е на страната на Лидс – само 2/3 од тимовите кои влегле во Премиер лигата во последните 10 сезони опстанале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Елмас стартер – Наполи не успеа да ја победи Верона
Фудбалерите на Наполи, се спасија од пораз на домашен терен против еден од најслабите тимови во Серија А, Верона. Натпреварот на „Диего Марадона“ заврши 2:2. Елиф Елмас играше од почетокот, одигра просечен натпревар до моментот кога беше заменат во 63-та минута.
Ситуацијата не беше поволна за тимот на Антонио Конте, откако во првите 30 минути бидејќи Вања Милинковиќ-Савиќ два пати беше совладан. Фрезе, а потоа и Орбан од „белата точка“ успеаја да и донесат голема предност на Верона.
Домашниот тим на полувремето успеа да се реорганизира и да намали во 54-та минута преку Скот Мектоминеј, во 72-та минута ВАР го поништи голот на Расмус Хојлунд, а десет минути подцна капитенот Џовани Џовани Ди Лоренцо спаси бод за Наполи.
Наполи сега има натпревар повеќе и бод помалку од лидерот Интер. Тие се трети бидејќи Милан има подобра гол-разлика. Верона со овој бод се искачи на 18-та позиција на табелата.
Foto/ EPA/CIRO FUSCO
Спорт
Нигеријците одбија да патуваат на натпреварот со Алжир
Репрезентативците на Нигерија, блескаат на Африкански куп на нации и, како што играа досега, се меѓу првите фаворити за титулата заедно со домаќинот Мароко.
„Супер орлите“ одлетаа во четвртфиналето со четири последователни победи, три во групата, а потоа и убедливи 4:0 на почетокот од нокаут фазата, против Мозамбик.
Сепак, кога требаше да заминат од Фез за Маракеш, Виктор Осимен, Адемола Лукман, Алекс Ивоби, Вилфред Ндиди, Самуел Чуквезе и други изјавија дека не одат никаде додека Фудбалската асоцијација не ги исплати бонусите за победите во првиот дел од турнирот.
„Играчите и тренерскиот штаб на нигериската репрезентација сè уште чекаат на исплатата на бонусот за АКН 2025. Бонусите за победите во четирите натпревари – против Танзанија, Тунис, Уганда и Мозамбик – сè уште не се исплатени. Тимот е сè уште фокусиран, но нема да тренира ниту да патува во Маракеш во четврток доколку ова прашање не се реши“, објавува новинарот на порталот „Nigeria Stories“.
Научени од претходните искуства, дека на играчите никогаш не им се исплаќаат бонуси откако тимот ќе се врати од турнирот, Нигеријците поставија ултиматум – или исплата на бонусите или нема да го играат натпреварот со Алжир, на 10 јануари во 17 часот.
Дотогаш има доволно време претседателот на Федерацијата, Ибрахим Муса Гусау и неговите соработници да ги измират своите обврски кон репрезентативцие.
Спорт
Гендузи се сели во Фенербахче
Фудбалерот на Лацио, Матео Гендузи, кариерата ќе а протдолжи во турскиот гигант, Фенербахче.
Лацио од трансферот ќе инкасира 30.000.000 евра. Гендузи потпиша договор до 2030 година.
Гендузи ќе се приклучи на тимот по турскиот Суперкуп, каде што Фенербахче го игра финалето против Галатасарај.
Заминувањето на Французинот ќе отвори простор за нови играчи во Лацио.

