Свет
Во карантин повеќе од 27 милиони луѓе во Манила
Повеќе од 27 милиони луѓе во и околу Манила повторно се ставени во карантин по воведувањето нови рестриктивни мерки поради коронавирусот на Филипините.
Мерките стапија во сила кога бројот на заразени лица во земјата надмина 100.000, а медицинските здруженија го повикаа претседателот Родриго Дутерте да преземе нешто во врска со тоа.
„Нашите здравствени работници не треба да го сносат товарот да одлучат кој ќе живее и кој ќе умре“, наведоа лекарите во отвореното писмо предупредувајќи дека здравствениот систем е преоптоварен.
Две големи државни болници во Манила се привремено затворени поради инфекција кај здравствените работници, а некои приватни болници ги одбиваат пациентите поради недостиг на простор, пренесува „Гардијан“.
Во последните денови епидемијата на коронавирусот на Филипините се шири бргу и веќе се регистрирани 106.330 случаи. Починаа над 2.000 луѓе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

