Македонија
Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификациската комисија на Собранието

Со интонирање на химната почна првата седница на новиот парламентарен состав, која се одржува во салата Голема купола, со засилени мерки за заштита од коронавирусот. Со седницата претседава досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери.
Од вкупно 120 пратеници што добија мандати од Државната изборна комисија, на првата конститутивна седница дојдоа 117 пратеници. Дневниот ред беше изгласан од 116 пратеници, а воздржан беше еден пратеник.
Отсутни на првата седница се Арбер Адеми од ДУИ, Александар Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ и Мендух Тачи од ДПА.
Со изгласување на дневниот ред, за претседател на Верификациската комисија беше избрана Јагода Шахпаска, а за членови се избрани Изет Меџити, Благица Ласоска, Соња Мираковски и Сафије Садики-Шакини.
Претседателот на Собранието во заминување, Талат Џафери, даде пауза од 30 минути за да се одржи седница на Верификациската комисија по што, ќе продолжи конститутивната седница. Следна точка на дневниот ред е избор на претседател и потпретседатели на Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нов топлотен бран во наредните денови, се очекуваат температури до 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ во текот седмицата времето ќе биде сончево и многу топло со појава на локална облачност преку денот. Дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа се очекува да достигне и 40°C.
Македонија
Дел од Карпош без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач (шибер) од ф 200 мм на булеварот Партизански Одреди бб (до поликлиника Букурешт), со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од булеварот Партизански Одреди, на потегот од поликлиника Букурешт до бензинска пумпа ОКТА, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.
Македонија
Без струја дел од општина Бутел

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот корисниците на улица кај керамика Имола под обиколницата во Визбегово (општина Бутел).