Свет
(Видео) Над 2.000 тони амониумнитрат експлодирале во магацинот во Бејрут
Над 2.750 тони амониумнитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика стравотна експлозија, во која загинаа над 70 лица, а 4.000 се повредени.
Амониумнитратот бил во магацините од 2014 година и никој не го проверувал цели шест години. Истрагата е во тек за тоа што точно се случило. Претседателот Мишел Аун на „Твитер“ напиша дека не може да прифати што 2.750 тони амониумнитрат бил складиран небезбедно цели шест години и бил темпирана бомба.
Амониумнитрат се употребува за правење експлозиви и полнење гранати, се употребува за огномети и за исфрлање на огнометите. Не се продава на пазарот бидејки со него се прават експлозиви.
Експлозијата била толку силна што ја слушнале и жителите на Кипар, кој е 240 километри оддалечен од Бејрут.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

