Спорт
Меси се збогуваше со Касилјас: Беше многу тежок противник
Лионел Меси беше еден од многуте фудбалери кои се простија со Икер Касилјас, откако легендарниот шпански голман вчера ја потврди пензијата на 39 години.
Касилјас во кариерата освои 24 трофеи, од кои пет титули од Ла лига, четири од Лигата на шампионите, две Европски првенства и едно Светско првенство. Касилјас имаше срцев напад пред една година и си замина со уште еден трофеј со Порто, кога ја победија Бенфика во Португалскиот куп, а капитенот Данило Переира го качи на подиумот.
Меси, кој му даде многу голови во „Ел класико“, прати одлична порака до него.
„Икер се повлекува, но тој одамна влезе во историјата на фудбалот. Не само бидејќи беше репер во Ла лига, туку поради тоа што го направи на сите полиња. Ти си спектакуларен голман и некој кој беше многу тежок противник. Сепак, мислам дека се работеше за убаво ривалство и уживав секогаш кога игравме еден против друг“, вели Меси во изјава за „АС“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Анчелоти добил понуда да го продолжи договорот
Карло Анчелоти сè уште не оставрил некаков успех со бразилската фудбалска репрезентација, но тоа не им пречи на челниците на Бразилската федерација да му понудат нов договор.
Италијанецот добил понуда да потпише договор со 2023 година. Доколку ја прифати понудата и го одработи договорот до крај, Анчелоти би имал 71 година.
Шпанскиот „Диарио“ исто така објавува дека во случај на прифаќање, тој би станал најплатениот тренер во светот, бидејќи би имал дури и повеќе од сегашните 10.000.000 евра годишно. Овој извор не ја неведува точната сума, која му била понудена на Анчелоти.
Работодавчите се воодушевени од филозофијата, методите и резултатите од работата на еден од најтрофејните фудбалски тренери во светот.
Анчелоти ќе го предводи Бразил наредното лето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Целта е јасна, титулата на Мундијалот. Бразил последен пат бил светски првак во 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја.
Foto/ depositphotos
Спорт
Понуда од 1.000.000.000 во кеш за купување на Јувентус
Компанијата за криптовалути „Тетер“, објави дека доставила обврзувачка понуда во готово, за купување на мнозински удел во фудбалскиот клуб Јувентус, кој е во сопственост на „Ексор Холдинг“, контролиран од семејството Ањели.
Според италијанските медиуми, Тетер понудил цена од 2,66 евра по акција, што е вкупно околу 1.100.000.000 евра за 65,4 проценти од акциите на Јувентус што моментално ги поседува „Ексор Холдинг“.
Во случај на реализација на трансакцијата, „Тетер“, планира да даде јавна понуда за преостанатите акции по иста цена, со цел целосно да го преземе клубот.
„Тетер“, купи малцински удел во Јувентус во февруари 2025 година, а во април го зголеми својот удел на 10,12 проценти од акциите, со 6,18 проценти право на глас.
Компанијата објави дека понудата е целосно финансирана со сопствен капитал и е предмет на регулаторни одобренија.
Во соопштението се наведува дека „Тетер“ е подготвен да инвестира дополнителни 1.000.000.000 евра во поддршка и развој на клубот по евентуално преземање.
Јувентус е во сопственост на семејството Ањели од 1923 година.
Понатамошните чекори ќе зависат од одлуката на „Ексор“, потпишувањето на конечната документација и добивањето на потребните регулаторни одобренија.
Foto/ depositphotos
Спорт
Норвежанките и Германките ќе се борат за златото на СП
Женските ракометни репрезентации на Германија и Норвешка ќе се борат за титулата на Светското првенство. Германија, во полуфиналето, славеше против бранителките на титулата, репрезентативките на Франција, а Норвешка демонстрираше сила и против Холандија.
Германија по 18 години обезбеди медал на големите натпреварувања. Домаќинките на Мундијалот блескаа против Франција, славеа победа 29:23.
Антје Дол со девет, Емили Фогел со пет, Виола Летер и Аника Лот со по четири гола, односно голманката Катарина Филтер ја предводеа Германија.
Во редовите на Франција се истакнаа, Лена Грандво и Сара Букит постигнаа по пет гола.
Норвашка во второто полуфинале ја победи Холандија со 35:25. Норвежанките до мечот за титулата дојде на супериорен начин. Во текот на турнирот само Црна Гора ја победија со помалку од 10 гола.
Најефикасни во редовите на Норвешка беа Хена Рајстад со 10, Нора Мерк со пет, Тале Деила, Марен Ниланд и Аникен Вилик со по три гола. Холандија ја предводеа Дионе Хушер и Еставана Полман постигнаа по шест.
Финалето е на програмата в недела.
Foto/ EPA

