Вести
Кина ги повика САД и Јужна Кореја да се откажат од инсталирањето на системот THAAD
Кина ги повикува САД и Јужна Кореја сериозно да ја сфатат нејзината загриженост од можноста американскиот високотехнолошки противракетен систем ТHAAD (Therminal High Altitude Area Defense), да биде разместен во регионот и да се откаже од таа идеа, изјави во петокот на брифингот портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи, Генг Шиунг.
Претходно годинава беше објавено дека ракетниот одбранбен систем THAAD ќе биде разместен во Јужна Кореја, за пресретнување на балистичките проектили од Северна Кореја, на територијата на голф-клубот во округот Сонџу во источната покраина Кенсан-Пукто.
„Одлучно ги повикуваме САД и Јужна Кореја да вложат значителен придонес за мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров, сериозно да се однесуваат кон загриженоста на другите земји во регионот, вклучително и Кина и, исто така, веднаш да го запрат процесот за разместување на системот THAAD“, порача портпаролот Шуанг.
Истакна дека распредувањето на THAAD во Јужна Кореја не помага во напорите за денуклеаризација на Корејскиот полуостров, поддршката на мирот и стабилноста во регионот. Притоа, портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи нагласи дека поставувањето на системот влијае врз стратешки интереси во регионот.
„Кина решително се противи и ќе ги преземе потребните мерки за заштита на националните безбедносни интереси на земјата и за поддршка на регионалниот стратешки баланс“, порача Шуанг.
Русија уште во февруари годинава, сито така, предупреди на многу можна трка во вооружување на Корејскиот полуостров, имајќи ја предвид подготвеноста на САД таму да го распоредат својот противракетен систем ТHAAD, како реакција на неодамнешното севернокорејско лансирање на балистички проектил.
Поставувањето на елементи од глобалниот систем на американска противракетна одбрана во регионот може да предизвика трка во вооружување во североисточна Азија и уште повеќе да го компликува решавањето на нуклеарниот проблем на Корејскиот полуостров, а поглобално гледано, таа мерка би можела да го зајакне разорното влијание на американскиот глобален систем за противракетна одбрана врз меѓународната безбедност и стабилност, оценува руската дипломатија.
Во јули, по пет месеци преговори, Вашингтон и Сеул постигнаа согласност за разместување на системот THAAD, кој се смета за еден од најнапредните во светот, и кој треба да интервенира во случај на истрелување на балистички ракети од страна на Северна Кореја, повикувајќи се на заканите од Пјонгјанг кои досега се вербални и експертите ги сметаат за претерани во однос на вистинските капацитети кои ги поседува оваа сиромашна комунистичка земја.
Системот THAAD истрелува ракети кои се дизајнирани да пресретнат и уништат балистички проектили додека се уште надвор од атмосферата или само што влегле во неа, во текот на последната фаза од нивниот лет. Овој антибалистички систем истрелува ракети осмислени да пресретнат и уништат балистички ракети во завршната фаза од нивната траекторија. Американците почнаа да го поставуваат на различни точки во 2008 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.