Македонија
Правилната употреба на заштитната маска е клучна во справувањето со Ковид-19
Во земјата задолжително е носењето заштитна опрема за покривање на носот и устата во сите јавни затворени простори, како што се средствата за јавен превоз, маркети, банки, пошти, амбуланти, болници, институции, како и на отворени простори, каде што нема можност за одржување дистанца од два метра помеѓу граѓаните, како што се пазари, отворени трговски центри, тесни улици, автобуски постојки и слично. Важно е маската да се употребува секогаш кога не може да се одржи потребното растојание и како што е дефинирано во протоколите – и на работни места, состаноци, обуки, конференции, настани и собири на отворено, на плажи и слично.
Правилната употреба на маската или прекривката за лице е клучна за ефикасно спречување ширење на вирусот.
Пред употреба потребно е рацете да ви бидат чисти, претходно измиени со сапун и вода (во времетраење од 60 секунди) и кога добро ќе ги исушите, да ги дезинфицирате со дезинфекциско средство (во времетраење од 20 секунди) на база на алкохол, па потоа да ја наместите маската. На горниот дел од маската има метален адаптер, кој треба да го притиснете со што ќе ја адаптирате маската приспособувајќи ја на носот, а со ова ќе ја прилепите за лицето, со што целосно ќе ги прикриете устата и носот.
По употреба, внимателно отстранете ја маската кај ластикот на едниот крај кај увото спрема другата страна, со што помалку да ја допирате. Маската треба да се фрли во отпад со капак, со што ќе се заштити и околината од можно дополнително ширење на вирусот. Потоа, повторно измијте ги и дезинфицирајте ги рацете како на почетокот.
Доколку користите платнена маска/прекривка за лице, внимавајте да бидат целосно покриени носот и устата, не допирајте ја од предната страна со рацете и во случај да се намокри или извалка, променете ја со нова. Маските за повеќекратна употреба мора да се перат по секоја употреба, ставањето и отстранувањето на маската мора да биде проследено со соодветна хигиена на рацете.
Клучно за справување со вирусот е доследно да се почитуваат протоколите и мерките за заштита од страна на секој граѓанин – носење лична заштитна опрема: маска, одржување растојание од 2 метра, честа хигиена и дезинфекција на рацете.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
По речиси една година од пожарот во „Пулс“, семејствата ќе ги добијат личните предмети на настраданите – телефони, обувки, накит
Одделението за внатрешни работи Кочани информира дека, во врска со трагичниот настан – пожарот во клубот „Пулс“ на 16 март, од денеска, 2 март 2026 година, почнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот.
Се известуваат сите повредени лица, блиски членови на семејствата на починатите, како и други лица кои биле присутни за време на настанот, дека во периодот од 2 до 6 март 2026 година, во времето од 09:00 до 18:00 часот, можат да се обратат во просториите на Одделението за внатрешни работи Кочани, на ул. „Тодосија Паунов“ бр. 12.
Целта на посетата е идентификација и враќање на личните предмети кои биле пронајдени при увидот и им припаѓаат на повредените и на починатите лица. Меѓу предметите што ќе се враќаат се: мобилни телефони, паричници, накит, часовници, ташни, облека и обувки.
Враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или од блиски членови на семејствата на починатите, нагласуваат од ОВР Кочани.
Фото: ЕПА
Македонија
Левица поднесе кривична пријава против поранешната антикорупционерка Цвета Ристовска
Левица поднесе кривична пријава против поранешната членка на Антикорупциска комисија Цвета Ристовка поради сторено кривично дело Противправно стекнување и прикривање на имот, соопштија од партијата.
„Имено, Цвета Ристовска, спротивно на обврските од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси за пријавување на целосна и вистинита имотна состојба, која вклучува личен и имот на членовите на семејството – иако била должна, не пријавила две компании во сопственост на членови на нејзиното семејство. Јасно е дека се работи за свесно и намерно прикривање на имот, ако се има предвид фактот дека компаниите кои не ги пријавила Ристовска добиле 2 милиони денари од касата на ДПМНЕ, очигледно како награда за непостапувањето на Ристовска против нивните функционери“, велат од Левица.
Според партијата, оваа теза дополнително ја потврдува фактот што поранешната антикорупционерка го пријавила останатиот имот на своите деца во анкетниот лист, но, како што велат од Левица, свесно и намерно, ја изоставила фирмата која постои уште од 2020 година.
„Цвета Ристовска стана симбол на корупција во институцијата која треба да се бори против високата корупција. Таа беше директна инсталација на владејачката партија, која амнестираше два високи функционери од партијата на власт – Бојан Христовски и Ивица Томовски. Само оставка од позицијата антикорупционер не е доволна. За свесното прикривање имот одговорност за Цвета Ристовска мора да има. Ревизија на сите предмети кои ги работела компромитираната антикорупционерка мора да има за да се стави крај на штитењето на корупцијата на највисоките ешалони на власта“, велат од Левица.
Македонија
Првиот човек на НАТО доаѓа во посета на Македонија, Сиљановска-Давкова ќе го пречека со највисоки државни и воени почести
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре – 3 март 2026 година, вторник, ќе го пречека генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе престојува во официјална посета.
Генералниот секретар ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следи тет-а-тет средба и пленарен состанок на македонската и на делегацијата на НАТО.
Во рамки на програмата, предвидена е и заедничка прес-конференција со претседателката Давкова.
Ова е прва посета на Руте на земјата, откако ја извршува функцијата прв човек на Алијансата.
Фото: Depositphotos

