Црна хроника
Пијан тетовец нападнал полицаец

Пијан тетовец физички нападнал полицаец пред угостителскиот објект „Теуш“ во Тетово, соопшти МВР.
Инцидентот се случил во четвртокот вечер, 18ти декември, кога полициски службеници интервенирале по пријава за напад врз женско лице во локалот „Теуш“ на ул. „ЈНА“.
Кога пристигнале полицајците, пред објектот бил забележан Џ.С.(40) од Тетово кој започнал недолично да се однесува кон нив упатувајќи им навредливи зборови и одбивајќи да се идентификува при што во еден момент физички нападнал еден полициски службеник.
Лицето било приведено и по извршено алкотестирање било констатирано присуство на алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.