Свет
„Фејсбук“ избриша објава на Трамп, а „Твитер“ му го ограничи пристапот

„Фејсбук“ првпат избриша објава на американскиот претседател Доналд Трамп велејќи дека ја крши политиката против ширење дезинформации за коронавирусот, а „Твитер“ му го ограничи пристапот на неговата кампања до нивната платформа, пренесува „Њујок пост“.
На објавата се наоѓа и видео во кое Трамп во интервју за „Фокс њуз“ вели дека децата се речиси имуни на Ковид-19.
„Ова видео вклучува лажни тврдења дека група луѓе се имуни на Ковид-19, што претставува кршење на нашите правила за штетни дезинформации за Ковид-19“, се вели во соопштението на „Фејсбук“.
Ова е првпат „Фејсбук“ да отстрани објава на Трамп наместо само да ја обележи, како што правеше во минатото.
Истиот видеоклип беше објавен на „Твитер“ од кампањата на Трамп, а потоа беше реобјавен на главниот профил на Трамп. „Твитер“, кој и претходно имаше судир со Трамп, го ограничи пристапот до пораката на платформата во средата вечерта и додаде известување во кое се вели дека објавата ги крши нејзините правила.
„Твитот од @TeamTrump ги крши правилата на Твитер за дезинформации за Ковид-19. Од сопственикот на сметката ќе се бара да го отстрани твитот пред да може повторно да објавува“, рече портпаролот на компанијата.
Кортни Парела, портпарол на кампањата на Трамп, рече дека претседателот навел факт дека децата се помалку подложни на коронавирусот.
„Нов ден, нов приказ на флагрантната пристрасност на силиконската долина против овој претседател, каде што правилата се спроведуваат само во една насока. Социјалните мрежи не се арбитри на вистината“, рече Парела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.
Свет
Трамп разговараше со Нетанјаху: На иста страна сме за сите прашања

3Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека тој е на иста страна за сите прашања со него.
„Разговаравме за многу теми“, напиша американскиот претседател на социјалните мрежи. Тој додаде дека „телефонскиот повик поминал многу добро“.
Трамп и Нетанјаху се сретнаа двапати во Белата куќа од почетокот на мандатот на Трамп и се верува дека Нетанјаху е повеќе за политиката на Трамп отколку за администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден
Свет
Објавени последните зборови на папата

Последните зборови на папата Франциско беа благодарност до неговиот здравствен асистент кој му помогна да ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар на Велигден, соопшти Ватикан.
„Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Франциско на Масимилијано Страпети, кој во изминатиот период му обезбедуваше 24-часовна нега на папата.
Папата Франциско (88) почина вчера по мозочен удар и срцева слабост. Претходно оваа година, тој помина пет недели во болница со двојно воспаление на белите дробови, но се врати во Ватикан пред речиси еден месец и оттогаш се чинеше дека се опоравува.
Последните денови ги поминал работејќи, спротивно на советите на лекарите кои го советувале да мирува најмалку два месеци за да му овозможи на телото да закрепне.
Погребот на папата ќе се одржи в сабота.