Спорт
Леброн ја продолжува личната војна со Доналд Трамп

Леброн Џејмс повеќе е загрижен за коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп отколку за формата на неговите Лос Анџелес лејкерс откако по 105:86 поразот од Оклахома Сити, изјави дека никому не му е грижа дали Трамп ќе гледа НБА.
Трамп повторно ги повика НБА-кошаркарите за одлуката да клечат за време на американската химна нарекувајќи го потегот срамен и додаде дека никој од претходните претседатели не направил повеќе за црната заедница во САД. Џејмс беше брутален.
„Се обидувате да ме насмеете по поразот? Го почитувам тоа. Навистина сметам дека никој во кошаркарската заедница не е загрижен што ќе го загуби него како гледач. Тоа е сè што ќе кажам. Не сакам да влегувам во дискусија бидејќи знам каде ќе отиде тоа“, вели Џејмс.
Сепак, тој посочи дека претседателските избори во САД се на неколку месеци.
„Се надевам дека сите, без разлика на расата, на бојата, на величината, ќе видат какво лидерство имаме во моментот и ќе сфатат дека ноември е многу блиску и ќе биде важен момент за Американците. Ако продолжиме да зборуваме дека сакаме подобро, сакаме промена, ќе имаме шанса за тоа“, додаде Џејмс.
Ова не е првпат Леброн да влезе во конфликт со Трамп. Кога Трамп не го повика НБА-шампионот Голден Стејт вориорс во Белата куќа во септември 2017 по изјавите на Стивен Кари, Џејмс го нарече губитник, а во февруари 2018 година посочи дека на Трамп не му е грижа за Американците.
LeBron’s response to me asking him about President Trump calling NBA players kneeling during the national anthem “disgraceful” and saying no one has done more for the Black community than him:
“Are you trying to make me laugh right now? I appreciate that.” https://t.co/UhGbgz4YFL
— Melissa Rohlin (@melissarohlin) August 6, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Макаби славеше во израелското дерби во Евролигата

Кошаркарите на Макаби од Тел Авив го победија Хапоел со 103:90 во првиот натпревар 3. коло од Евролигата. Натпреварот се одигра во Софија, каде што Хапоел како домаќин ги игра натпреварите во Евролигата.
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, се играше во серии, а потоа Макаби успеа на „крилата“ на Џефф Даутин Џуниор да направи клучна предност и рутински го до заврши натпреварот.
Ова беше прва победа на Макаби во сезоната, како и прв пораз на Хапоел.
Во редовите на „Гордоста на Израел“, се истакна Лони Вокер со 20 поени, два скока и четири асистенции и потоа Ошај Брисет со 19 поени и четири скока.
Џеф Даутин Џуниор и Џален Хорд постигнаа двоцифрен број поени по 13 поени, додека Роман Сокрин постигна 12, а Тамир Блат 11 поени со четири скока и седум асистенции.
Кај Хапоел се истакна Елајџа Брајант со 18 поени, а потоа следуваа Антонио Блејкни со 16, Ден Отуру со 15 и Василије Мициќ со 14 поени и четири асистенции.
Спорт
Пелистер загуби со двоцифрена разлика од Висла

Еурофарм Пелистер, во четвртото коло го доживеа третиот пораз во групната фаза од Лигата на шампионите. Вечерва во Плоцк, македонскиот првак доживеа убедлив пораз од Висла 36:25.
Еурофарм Пелистер на Висла и се спротивстави само во првите 20 минути. Една третина од натпреварот избраниците на Рубен гарабаја делуваа добро на теренот. Битолчани имаа предност 8:9, кога започна серијата на Висла од 6:1.
Таа серија се покажа како клучна за преостанатиот тек на натпреварот. Висла на полувреме замина со предност 18:14.
Вториот дел Висла рутински го одработи, на десет минути до крајот домаќинот дојде и до двоцифрена предност (30:20), на крајот полскиот тим победи 36:25.
Пелистер го предводеше Дејан Манасков со седум гола, кај Всла најефикасен беше францускиот репрезентативец Мелвин Ричардсон со осум погодоци.
Foto/ EPA
Спорт
Салах го однесе Египет на Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Египет обезбеди место на Светското првенство следната година откако го победи Џибути со 3:0 во африканските квалификации.
Во групата А, коло пред крајот, Египет на првото место има недостижни пет бода повеќе од Буркина Фасо, која е на второто место. Египет четврти пат во историјата избори место на Мундијалот, претходно „фараоните“ беа дел од најголемата фудбалска смотра во 1934, 1990 и 2018 година.
Од Африка, место на Мундијалот претходно изборија Мароко и Тунис.
Египет убедливо го победи Џибути со 3:0 на гостински терен со головите на Ибрахим Адел и Мохамед Салах (два).
Покрај трите селекции од Африка и домаќините Канада, Мексико и САД, пласман на Светското првенство досега изборија: Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, актуелниот светски шампион Аргентина, Еквадор, Бразил, Уругвај, Парагвај и Колумбија.