Свет
Асимптоматските случаи имаат иста количина вирус како и оние со симптоми
Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија.
Јужна Кореја можеше да ги идентификува и изолира асимптоматските случаи преку масовното тестирање уште на почетокот на март. Повеќе докази покажуваат дека овие случаи претставуваат значаен дел од инфекциите. Но, истражувачите не можеле да кажат колкумина од тие луѓе го пренеле вирусот.
Луѓето со позитивен тест на коронавирус биле набљудувани во центар за лекување, што овозможило научниците да видат колкава количина од вирусот е детектирана во нивниот нос и грло. Тие редовно биле тестирани и биле пуштани само кога имале негативен тест.
Резултатите од 1886 тестови покажуваат дека луѓето без симптоми во моментот на испитувањето, вклучително и оние што никогаш не развиле симптоми, имале иста количина вирусен материјал во носот и грлото, како и луѓето што имале симптоми.
Студијата исто така покажала дека вирусот може да биде откриен кај асимптоматските луѓе за време на значаен период, иако се чинело дека се чисти од нивните системи малку побргу од луѓето со симптоми.
Средното време (бројот кога половина од случаите биле повисоки, а половина помали) од дијагностицирање до добивање негативен тест траело 17 дена кај асимптоматските пациенти и 19,5 дена кај симптоматските пациенти.
Поради природата на изолацискиот центар, студијата не вклучува луѓе со тешки случаи на заболување. Тие исто така биле помлади и поздрави од просечните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

