Црна хроника
Му скршил пивско шише додека излегувал од Крива Река
Дваесет и четиригодишен жител на кратовското село Трновац е повреден со пивско шише додека излегувал до реката Крива Река, соопшти МВР.
Жител на селото Талашманци му скршил пивско шише и му нанел повреди на градниот кош и вратот. Повредениот е пренесен во медицинскиот центар во Куманово, додека напаѓачот е приведен./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
30-годишна скопјанка замина од дома и повеќе не се врати, семејството ја бара
Вчера во 11.30 часот во полициската станица Гази Баба, С.Р.(56) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка А.Р.(30) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Мерка притвор добија тројца учесници во инцидентите во Скопје
МВР соопшти дека од страна на полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар, заедно со ЕИП, лишени се од слобода осум лица во врска со извршено кривично дело “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа” по чл.319 од КЗ, по повод организираната прослава на албанското знаме на плоштад Скендербег во Скопје, при што по завршување на прославата од страна на повеќе лица на неколку локации на бул. “Крсте Мисирков”, беше извршено палење и кинење на државното знаме на РСМ.
Од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал преземени се оперативни мерки и активности, како и прегледи на видео снимки од безбедносни камери и видеа објавени на социјални мрежи, при што е обезбеден доказен материјал и документирани се дејствијата на лицата Ф.И., Е.Д. и С. М..
-Во координација со ОЈО Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело “Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа” по чл.319 од КЗ и се изнесени пред Судија за претходна постапка, од чија страна на истите им е одредена мерка притвор во траење од осум дена, стои во соопштението од МВР.
Топ
Македонски државјанин за пари заминал во Москва да и се приклучи на руската војска
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во соработка со Агенцијата за национална безбедност реализираше случај и вчера (29.11.) до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Ј.К. македонски државјанин, за сторено кривично дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации” (член 322-а ст.3 в.в член 19) од КЗ. Ј/К. според сознанијата на полицијата, заминал во Москва за да и се приклучи на руската војска, но на 11 октомври се вратил во земјата.
Кривичнопријавениот, откако претходно се запознал со пропаганден материјал со повик за служење во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации за потребите на Руската Федерација, преку интернет платформа за комуникација стапил во контакт со НН машко лице кое му се претставило дека бил задолжен од страна на Руската војска да регрутира војници за служба во руската војска за паричен надоместок од 3.000 евра. Искажувајќи подготвеност за приклучување на новоформиран одред во рамки на руската армија наменет за борба на воените фронтови во Украина, пријавениот на 5 октомври годинава од Меѓународен аеродром Скопје преку Белград заминал во Москва, Руската Федерација.
По добиено сознание дека Ј.К на 11 октомври ќе се врати во РСМ, преземени се оперативно тактички мерки и по негово пристигнување на Меѓународен аеродром Скопје извршен е разговор со него, во кој го појаснил начинот на кој заминал во Руската Федерација каде што престојувал една недела во обид да се вработи како војник во Руската војска. Откако пристигнал во Москва бил сместeн заедно со уште три лица странски државјани и при тоа бил известен дека треба да го даде пасошот за да биде средена документацијата, а по извршен медицински преглед ќе потпишел договор за работа во Руската војска и ќе бил однесен во камп за обука каде ќе се обучувал за борба во Украина.
Во координација со Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК од кривично пријавениот одземени се повеќе предмети и документација врз кои е извршено форензичко вештачење и анализа.
Врз основа на издадена наредба од Судија на претходна постапка, на 29.11.2024 година извршен е претрес во дом и други простории кај лицето Ј.К, кој е лишен од слобода и изнесен пред Судија на претходна постапка, од чија страна му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.