Свет
Советникoт на Трамп: Кинески хакери ги напаѓаат САД пред изборите
Хакери поврзани со кинеската влада ја напаѓаат американската изборна инфраструктура пред претседателските избори закажани наесен, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Роберт О’Брајан, предупредувајќи на наводно поактивно кинеско мешање во американските избори.
Изјавата претставува чекор подалеку од изјавата дадена од кабинетот на директорот на Националната разузнавачка заедница (ОДНИ), во која се вели дека Кина ги проширува своите обиди за влијание и дека Русија веќе се обидува да ја поткопа кампањата на демократскиот кандидат Џо Бајден.
Но, ОДНИ директно не го обвини Пекинг дека се обидува да ги хакира системите поврзани со изборите во САД.
„Тие би сакале претседателот да изгуби“, рече О’Брајан за Си-би-ес.
„Кина, како и Русија, како и Иран, се занимава со сајбер-напади и онлајн-кражба на идентитет и такви работи што се однесуваат на нашата изборна инфраструктура, веб-страници и такви работи“, изјави тој.
Кина упорно ги отфрла обвинувањата на американската влада за хакирање американски компании, политичари и владини агенции.
„Претседателските избори во САД се внатрешна работа, ние немаме интерес да се мешаме во тоа“, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг.
О’Брајан вели дека САД откриле оти хакерите се обиделе да се инфилтрираат во веб-страниците што им припаѓаат на канцелариите на државниот секретар во целата земја, кои се одговорни за организирање локални избори и собирање податоци за Американците.
„Тоа е навистина причина за загриженост и не станува збор само за Русија“, рече тој. „Ќе има сериозни последици за секоја земја што се обидува да се меша во нашите слободни и фер избори“, предупреди О’Брајан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.

