Забава
Кети Грифин се пошегува со твит по веста за пукање во близина на Белата куќа
Претседателот Доналд Трамп беше ненадејно изнесен од прес-конференција во понеделникот поради пријавено пукање што се случило во близина на Белата куќа.
А Кети Грифин, гласна критичарка на Трамп, се појави на „Твитер“ со шега да ги увери своите 2,1 милиона следачи на социјалната мрежа дека нема никаква врска со инцидентот.
„Не бев јас“, твитна 59-годишната комичарка неколку минути по веста за пукањето.
Иако таа не го спомена инцидентот директно ниту, пак, го тагна или означи Трамп во својот твит, следачите на Грифин точно знаеа на што мислеше.
Неколку минути по импровизираната евакуација, претседателот Трамп (74) се врати во просторијата за брифинг во Белата куќа и на новинарите им ги откри деталите за пукањето, објави Си-ен-ен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Сите се прашуваа која е таа: највпечатливиот фустан на Мет Гала го носеше жена непозната за многумина
Црвениот тепих на Мет Гала беше исполнет со познати личности од насловните страници на списанијата, но шоуто го украде една „мистериозна дама“ која беше прогласена и за најдобро облечена на синоќешната манифестација.
Mona Patel incorporates moving butterflies for her #MetGala outfit. pic.twitter.com/thBoy7uheh
— Pop Base (@PopBase) May 6, 2024
Набргу по појавувањето на скалите на музејот во Њујорк, индиската претприемачка Мона Пател – предизвика „лудило“ на социјалните мрежи, каде корисниците се восхитуваа на нејзиниот фустан создаден од Ајрис Ван Херпен и се прашуваа која е таа навистина.
Убавицата се пресели во САД во 2003 година – и оттогаш основа неколку компании, како што се HauteX Ventures и radXai, стартап за здравствена технологија.
dear mona, u AAAATE #MetGala https://t.co/uAeJTXored pic.twitter.com/6lnBn7FmKN
— ✭ (@badestoutfit) May 6, 2024
За многумина непознатиот претприемач воодушеви во фустан со фигури, а на страните имаше сошиени пеперутки, корсет, како и проѕирни детали од тантела.
Златните украси во вид на пеперутки на рацете особено ги импресионираа корисниците на социјалните мрежи, со оглед на тоа што крилата механички се движеа сами по себе.
BEST DRESSED HANDS DOWN #MetGala #MonaPatel
pic.twitter.com/rg4ip1cobp— sabrina ❣︎ (@ayed_sabrina) May 6, 2024
Изгледот го комплетираше со златни сандали, а беше стилизирана од Ло Роуч – познат и по соработката со актерката Зендаја.
Недолго откако Пател зачекори на тепихот на Мет Гала, таа го освои интернет просторот, а снимките од нејзините подготовки беа споделени на мрежите со пораки дека таа е најсоодветно облечена за темата и кодексот на облекување на Галата.
Забава
(Видео) По 34 години, Тајчи го облече фустанот што го носеше на Евровизија и воодушеви со својот изглед
Татјана Матејаш Камерон, попозната како Тајчи, го облече фустанот што го носеше во 1990 година на Изборот за песна на Евровизија во Загреб.
Натпреварот се одржа во концертната сала „Ватрослав Лисински“. Тајчи го освои седмото место со песната „Хајде да лудујемо“. Покрај заразната мелодија, публиката беше импресионирана од нејзината розова креација и од фризурата, благодарение на кои личеше на Мерлин Монро.
„Истиот фустан 34 години подоцна. Издржа одлично“, рече таа во описот на фотографијата.
Тајчи деновиве е во Малме, каде што се одржува годинашното издание на Евровизија.
„Настапив во Шведска во клуб за обожаватели и всушност е одлично што песната ‘Хајде да лудујемо’ оживеа, живееше и ќе живее“, изјави таа.
Забава
(Видео) Модно издание што го одзема здивот: Џенифер Лопез на Мет гала во фустан со 2,5 милиона перли
Џенифер Лопез се појави на Мет гала, најважниот моден настан на годината, во сребрен фустан што го одзема здивот, а интересно е што ова рачно изработено парче имаше 2,5 милиона рачно шиени перли.
#MetGala co-chair Jennifer Lopez sparkles on the steps pic.twitter.com/R3PtKAx13I
— The Hollywood Reporter (@THR) May 6, 2024
Пејачката и актерка ги воодушеви модните критичари во проѕирен фустан на Schiaparelli по нарачка. За рачното везење на ова парче облека биле потребни повеќе од 800 часа, а содржи повеќе од 2,5 милиона сребрени перли.
Креацијата ја спои со чевли на платформа и клач-чанта во соодветни тонови.
Ѓерданот на Лопез, со речиси 100 карати дијаманти, го обезбеди Tiffany&Co., како и обетки, белезица и два прстена.