Свет
Американскиот епидемиолог Фаучи: Сериозно се сомневам во руската вакцина

Главниот американски епидемиолог, Ентони Фаучи, изјави дека рече оти има сериозни сомнежи дека вчерашната одобрена вакцина против коронавирусот во Русија е безбедна и ефикасна.
„Се надевам дека Русите дефинитивно ќе докажат дека вакцината е безбедна и ефикасна. Сериозно се сомневам дека е така“, рече Фаучи во изјавата за телевизијата „Еј-би-си њуз“.
Тој потсети дека има разлика кога некој има вакцина и кога таа е безбедна и ефикасна.
„Имаме многу вакцини. Ако сакаме да им наштетиме на луѓето или да им дадеме нешто што не функционира, тогаш би можеле да почнеме да им даваме вакцини уште следната недела. Но, тоа не го сакаме“, истакна епидемиологот.
Тој пред американската јавност посочи дека кога слушаат информации за развој на вакцината во Русија или Кина, секогаш мора да знаат дека безбедносните стандарди во тие земји се поинакви од оние во САД.
Русија сè уште не објавила податоци за тестирање на вакцината врз луѓето, пренесува Си-ен-ен. Американските власти рекоа дека ќе дозволат вакцината против коронавирусот да се користи само доколку е барем 50 проценти ефикасна.
Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека тие се во контакт со руски научници и со нетрпение очекуваат да ги знаат деталите од тестот на вакцината. Тие потсетија дека 28 вакцини против коронавирусот во моментот се развиваат во целиот свет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.
Свет
Трамп разговараше со Нетанјаху: На иста страна сме за сите прашања

3Американскиот претседател, Доналд Трамп, денеска соопшти дека разговарал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, нагласувајќи дека тој е на иста страна за сите прашања со него.
„Разговаравме за многу теми“, напиша американскиот претседател на социјалните мрежи. Тој додаде дека „телефонскиот повик поминал многу добро“.
Трамп и Нетанјаху се сретнаа двапати во Белата куќа од почетокот на мандатот на Трамп и се верува дека Нетанјаху е повеќе за политиката на Трамп отколку за администрацијата на поранешниот претседател Џо Бајден
Свет
Објавени последните зборови на папата

Последните зборови на папата Франциско беа благодарност до неговиот здравствен асистент кој му помогна да ги поздрави верниците на плоштадот Свети Петар на Велигден, соопшти Ватикан.
„Ви благодарам што ме доведовте на плоштадот“, му рекол Франциско на Масимилијано Страпети, кој во изминатиот период му обезбедуваше 24-часовна нега на папата.
Папата Франциско (88) почина вчера по мозочен удар и срцева слабост. Претходно оваа година, тој помина пет недели во болница со двојно воспаление на белите дробови, но се врати во Ватикан пред речиси еден месец и оттогаш се чинеше дека се опоравува.
Последните денови ги поминал работејќи, спротивно на советите на лекарите кои го советувале да мирува најмалку два месеци за да му овозможи на телото да закрепне.
Погребот на папата ќе се одржи в сабота.