Свет
Првa Aфроамериканка кандидат за потпретседател, Трамп веднаш реагира
Камала Харис, сенаторка од Калифорнија, е првата Афроамериканка во американската историја која е номинирана за заменик-претседател од една од двете водечки партии.
Таа е номинирана од претседателскиот кандидат на Демократската партија, Џо Бајден, за кандидат за потпретседател на САД.
Ова е четврта жена што ја кандидира партијата. Претходните тројца изгубија сè, две како кандидати за потпретседател и Хилари Клинтон како ривал на Доналд Трамп. Камала Харис се кандидира за претседателска номинација на Демократската партија пред да го поддржи Бајден.
Кога беше избрана во Сенатот во 2016 година, таа беше втората афроамериканска сенаторка во историјата на горниот дом на американскиот Конгрес. Пред да биде избрана за сенатор, таа беше главен државен обвинител на Калифорнија.
Харис реагира на „Твитер“ и наведе дека ѝ е чест што е номинирана и дека Џо Бајден може да ги обедини Американците. Таа е позната по острите прашања, особено за време на расправата за потврдата на кандидатурата на Брет Кавано за судија во Врховниот суд.
Нејзината кандидатура за потпретседател би можела да придонесе за поголем одѕив на афроамериканските гласачи – кои се најлојалниот електорат на Демократската партија, пренесува „Ројтерс“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека е изненаден што неговиот противник Бајден ја избрал Камала Харис за свој кандидат за потпретседател бидејќи, како што вели, таа била многу лоша кон самиот Бајден за време на дебатите.
Трамп рече дека Харис била многу, многу непријатна кон Бајден за време на внатрешните партиски избори на демократите, пренесува „Ројтерс“. Како што вели тој, една од причините што го изненадува е тоа што таа веројатно била непријатна и се однесувала кон Бајден со непочитување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

