Европа
Нов Зеланд збунет за потеклото на вирусот, можно е да дошол на пакувања со замрзната храна

Официјални претставници на Нов Зеланд испитуваат дали новите случаи на Ковид-19 регистрирани во земјата по повеќе од три месеци, се резултат на вирус што пристигнал преку увезени пакувања со замрзната храна, а во земјата се воведени строги мерки за борба против ширењето на короната.
Откривањето четворица заразени членови на семејство од Окленд по 102 дена без вирус во земјата ја поттикна премиерката Џасинда Ардерн бргу да воведе нови строги ограничувања за движење во најголемиот град на Нов Зеланд и ограничувања за патувања низ целата земја.
Двајца членови од заразеното семејство посетиле туристички места јужно од Оклаед, оддалечени на околу три часа возење, кои веќе имале симптоми, а третиот отишол да работа во финансиска фирма во Окленд, исто така со симптоми на заболувањето.
Повеќе од 200 луѓе се идентификувани како блиски или случајни контакти, а здравствените службеници се подготвуваат да тестираат десетици илјади луѓе во наредните денови.
Изворот на епидемијата ги збуни здравствените власти во земјата, кои се убедени дека во Нов Зеланд немало локално пренесување на вирусот веќе 102 дена и дека семејството не патувало во странство.
„Напорно работиме за да ги собереме сите делови од сложувалката за тоа како се заразило ова семејство“, рече раководителката на здравствениот систем на Нов Зеланд, Ешли Блумфилд.
Спроведените тестови ја откриле можноста за потенцијален увоз на вирусот преку замрзната храна.
Блумфилд рече дека во тек е тестирање на работните површини во магацин за разладување во Окленд, каде што работел човек од заразено семејство. Инфицираниот маж веќе неколку дена е на боледување, а сите вработени се испратени дома.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин