Спорт
Барселона има фудбалер со позитивен тест на коронавирус

Барселона потврди дека еден од деветтемина фудбалери што биле тестирани во вторникот пред почетокот на нивната претсезона е позитивен на коронавирусот. Фудбалерот не е дел од првиот тим, кој в четврток патува во Лисабон за дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите и не бил во контакт со нив.
Во вторникот биле тестирани фудбалерите шот се враќаат на тренинзи, но не се дел од првиот тим: Франциско Тринкао, Педри, Матеуш Фернандеш, Рафиња Алкантара, Карлес Алења, Ориол Бускетс, Хуан Миранда, Жан-Клер Тодибо и Муса Ваге.
Ова е нов случај на заразени фудбалери во шпанскиот фудбал кога претходно Атлетико Мадрид потврдија дека Шиме Врсаљко и Хуан Кореа се позитивни и нема да патуваат на мечевите од ЛШ во Лисабон, а потоа и Валенсија потврдија два позитивни случаја во својот тим.
One positive case of Covid-19 among the nine players starting the preseason. https://t.co/8wtNikt2mZ
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 12, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ВИДЕО: Рубен Невеш го посвети голот на трагично загинатиот пријател Диого Жота

Фудбалската репрезентација на Португалија стигна до драматична победа со 1-0 против Ирска во квалификациите за Светското првенство 2026. Голема улога имаше Рубен Невеш од Ал-Хилал, кој постигна победнички гол во 91. минута.
Претходно, Кристијано Роналдо промаши пенал, што ја зголеми тензијата на теренот.
Oh my world Ruben Neves has killed the Irish hopes! Portugal beats Ireland in stoppage time #PORIRE pic.twitter.com/yNov95PeJZ
— The Final Whistle (@Rufus_45) October 11, 2025
Но, најемотивниот момент следеше по голот на Невеш. Камерите го уловија како го слави погодокот, а на неговата нога се гледаше тетоважа со ликот на починатиот Диого Жота, кој трагично загина во јули.
Сцената го трогна целиот стадион и навивачите пред телевизиските екрани. Минути порано, во 21. минута, фановите веќе му оддадоа почит на Жота со бурни аплаузи.
Спорт
Норвешка ѝ даде поддршка на Палестина, но сега се соочува со строги санкции од ФИФА

По сè што се случи синоќа на натпреварот помеѓу Норвешка и Израел, Норвежаните би можеле да добијат строга казна од ФИФА за пораките што ги испратија.
Норвешка го победи Израел на крилата на Ерлинг Халанд, а конечниот резултат од овој натпревар беше дури 5-0 во корист на домашната селекција.
Сепак, сè можеше скапо да ги чини бидејќи ги прекршија правилата на ФИФА на натпреварот одигран на стадионот „Улевал“ во Осло.
Оваа земја е една од најгласните кога станува збор за поддршка на Газа, а синоќа решија повторно да го покажат тоа.
Претходно, тие побараа од Норвешка да му се забрани на Израел да учествува во сите натпреварувања, исто како што беше направено со Русија.
На трибините на стадионот во Норвешка синоќа имаше многу палестински знамиња, како и транспаренти и извици од трибините поврзани со поддршка за Газа.
Јасно е дека правилата на ФИФА беа прекршени, а сега се појавија информации за тоа каква казна би можеле да добијат Норвежаните.
Имено, тие можат да очекуваат високи казни, затворање на стадиони, па дури и одземање бодови во некои „луди“ сценарија.
Србија претходно двапати казнета поради политички извици и истакнување политички транспаренти.
Пред самиот натпревар, се одржаа протести пред норвешкиот парламент, а потоа сите со палестински знамиња отидоа на стадионот.
Спорт
Анчелоти ќе го продолжи договорот со Бразил до 2030 година

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти е подготвен да потпише нов и продолжен договор со Бразил до 2030 година, водeјќи ја селекцијата во уште еден циклус за Светското првенство. Ова ја покажува големата доверба што Бразилската федерација ја има кон Анчелоти, откако долго време се обидуваа да го убедат да ја прифати функцијата.
Според весникот „О’Глобо“, планот е да се обезбеди присуство на поранешниот тренер на Реал Мадрид, без разлика на резултатите на Светското првенство во САД, Мексико и Канада во 2026 година.
Анчелоти неколку пати изјави дека тој и семејството се задоволни со улогата што ја има и дека би бил подготвен да прифати подолг договор.
Досегашниот негов ефект на клупата на „Селесао“ е три победи, еден пораз (0-1) од Боливија и едно реми (0-0) со Еквадор.
Анчелоти останува единствениот тренер во историјата што освоил петте најсилни европски првенства, Серија А, Ла Лига, Премиер Лига, Бундеслига и Лига 1.