Свет
Научниците предупредуваат: Резултатите се загрижувачки, итно да се спречи порастот на температурата
Последната деценија беше најтопла откога се мерат температурите на воздухот, потврдија научниците.
Извештајот, кој предупредува на последиците од глобалното затоплување, го направиле 520 научници од 60 земји и покажува дека секоја деценија од 1980 година е потопла од претходната, пишува британски „Гардијан“.
Најтопол период е од 2010 до 2019 година, а температурата значително се зголемила од 2014 до 2019 година кога беа поставени и рекорди.
Тоа е период кога Европа, САД и Индија беа погодени од топлотни бранови. Тогаш беа измерени и високи температури на Арктикот, а пожарите беснееја од Калифорнија, преку Грција до Австралија.
Климатологот од Универзитетот во Пен, Мајкл Ман, предупреди дека мора да се преземат итни активности во наредната деценија за да се намали порастот на температурата.
Научниците предупредуваат дека светот се загреал за речиси еден степен во споредба со прединдустрискиот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тешка сообраќајка меѓу два училишни автобуси: повредени деца во француски регион
Осум тинејџери се хоспитализирани откако два училишни автобуси се судрија во Лузарш во регионот Вал д’Оаз.
До судирот дошло околу 17:00 часот кога две возила превезувале вкупно 32 основци и средношколци, јавува весникот Паризјен.
Според првите информации, возачот на автобусот закочил или забавил, што го изненадило возачот кој го следел и потоа удрил во задниот дел на првиот автобус.
Вкупно 20 ученици се полесно повредени.
Осуммина биле итно пренесени во болница, особено жалејќи се на болки во вратот.
Полицијата отвори истрага за инцидентот, пренесуваат медиумите во регионот.
Регион
Борисов ја повлекува кандидатурата за премиер
Лидерот на централно-десничарската бугарска партија ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, ја повлече својата кандидатура за премиер на Бугарија и одлучи да го врати мандатот за формирање влада.
„Не сакам повеќе да се занимавам со оваа земја. Ќе го вратам мандатот штом го добијам“, изјави Борисов на прес-конференцијата.
Борисов ја донесе одлуката по неуспешните преговори за коалиција по парламентарните избори во октомври, на кои ГЕРБ освои најмногу гласови, но без доволно мнозинство за самостојно да формира влада.
Минатата недела Борисов и понуди на коалицијата „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) поддршка за кандидатурата на Атанас Атанасов за претседател на парламентот, под услов да формираат заедничка влада со него како премиер, но тој предлог беше одбиен.
Парламентот се уште е блокиран, а пропаднаа и обидите за избор на претседател на Собранието.
Свет
Русите објавија фотографии: „Ова се американски АТАКМС во Русија, подготвуваме одговор“
Министерството за одбрана на Русија тврди дека Украина истрелала неколку американски ракети со долг дострел АТАКМС кон Русија во изминатите неколку дена.
Москва најавува одговор.
„Според потврдени податоци, во последните три дена украинските вооружени сили извршиле два напади со западно оружје со долг дострел на цели во Курската област“, соопшти Министерството за одбрана.
Во саботата, според Русите, Украина истрелала пет АТАКМС во областа Лотарјовка, 37 километри северозападно од Курск, гаѓајќи го противвоздушниот систем С-400.
„Две од нив ја погодија својата цел“, се вели во соопштението, додавајќи дека системот е оштетен, а луѓето се повредени.
Вчера, Украина, исто така, „изврши уште еден напад со осум АТАКМС на аеродромот Курск-Восточни“, се вели во соопштението. Едниот сигнал до цента, две лица се повредени, а инфраструктурата е оштетена.
„Руското Министерство за одбрана ја следи ситуацијата и подготвува одговори“, се вели во соопштението.
Министерството објави и фотографии од остатоци од ракетите АТАКМС во Русија, но нивната автентичност не е потврдена.